21 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Реконструиран патот кон манастирот Пеленица со инвестиција од над 475.000 евра

Владата соопшти дека е завршена реконструкцијата на патот кон Манастир Пеленица, проект вреден над 475.000 евра, насочен кон подобрување на безбедноста и пристапноста до овој локалитет.

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека проектот опфатил рехабилитација на коловозот и изградба на нов тротоар на делницата што води кон манастирот, кој се наоѓа во близина на населбата Драчево, во рамки на општина Кисела Вода.

„Со реконструкцијата се подобрува безбедното движење на посетителите и локалното население, како и пристапот до верскиот објект“, наведе Мицкоски во објава на социјалните мрежи.

Од Владата велат дека проектот е дел од поширока програма за унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на патната мрежа до туристички, културни и верски дестинации.

 

Related posts

Луфтханза со најсовремени шалтери за спуштање на багажот

admin

Даути на средба со Пендаровски: Заедно да поттикнеме економски развој

admin

Мерц не гледа потреба од спасување на демократијата во ЕУ

admin

Три обележани банкноти од по 100 евра: Како падна професорката од Штип

admin

Социјалните медиуми и медиумската „неписменост“ можност за манипулација со гласот на граѓаните

admin

Мицкоски ја претстави новата партиска парадигма “Државност 2030”: Која му е целта?

admin