23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ бара објавување на списокот на патници во владин авион со Мицкоски

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) побара од Владата да докаже дека владините авиони се користеле согласно прописите и да објави кој патувал заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

„Ако авионот навистина е користен според процедурите, бараме Владата да го објави списокот на патници“, соопшти СДСМ. Партијата потсетува дека премиерот неодамна го користел авионот за патувања до Будимпешта, Белград, Сплит и Тирана.

Мицкоски за медиумите изјави дека во периодот од јуни 2024 до декември 2025 четири пати го користел владиниот авион, вклучувајќи патувања на покана на странски лидери или поради итни обврски во Скопје.

„Еднаш бев во Будимпешта на покана на премиерот Виктор Орбан. За повраток до Виена користев комерцијален лет бидејќи екипажот на авионот имаше приватни обврски. За назад авионот дојде по мене поради итни состаноци во Скопје“, рече Мицкоски.

Владата вчера соопшти дека авионот се користи исклучиво според прописите и дека нема никакви злоупотреби.

СДСМ ја критикуваше употребата на авионот за патување на одмор до Јадранското Море, посочувајќи дека во исто време нема средства за зголемување на минималната плата на 600 евра.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека семејството на премиерот никогаш не патувало со авионот и ја оцени реакцијата на СДСМ како „шпекулативна“. Партијата исто така обвини дека лидерот на СДС Венко Филипче ја поддржал набавката на нов владин авион во затворени разговори, а во јавноста критикува поради популизам.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, претходно најави можност за набавка на нов владин авион поради чести поправки на сегашниот и неговата ограничена капацитетност за големи делегации.

Related posts

Министрите од регионот потпишаа заеднича изјава за борба против корупцијата

admin

САД предупредија од руски кибернетски напади врз Украина

ninja

Мистериозната порака на министерот Лимани ја тресе коалицијата: кому му порача „ајде, одете“?

admin

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Заев и Филипче за притисок врз болницата „Жан Митрев“, Филипче најави тужби

admin

Албанскиот премиер ги исмеа инфлуенсерите: Не бараат работа, туку интервјуа

admin

Стевчо Јакимовски оди во затвор: На 2 јули треба да се јави во Шутка

admin