30.8 C
Скопје
24 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ прашува: Зошто премиерот Мицкоски го избра оваа контроверзна личност за конзул

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска, изрази сериозни сомнежи за изборот на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Република Северна Македонија во Србија, на прес-конференција одржана денес.

„Прашањето е како, покрај бројни угледни бизнисмени во Србија, личност со сомнително минато и врски со бројни афери е избрана за почесен конзул“, рече Кузевска.

Адамовиќ, според соопштението на српското Министерство за надворешни работи, ја добил егзекватурата пред околу еден месец, а седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево.

“На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана.”, изјави  Кузевска.

Таа потсети на медиумски извештаи од Србија кои го поврзуваат Адамовиќ со криминални активности, вклучувајќи напад со огнено оружје во 2008 година, обиди за убиство во 2006 година и наводна трговија со оружје, како што објавил поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ.

Таа исто така нагласи дека Адамовиќ е висок функционер на Српската напредна партија (СНС), блиска со српскиот претседател Александар Вучиќ, и бил член на Извршниот одбор на СНС, координатор за регионот Срем и Јужен Банат.

„Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да објасни: како владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул и каква е неговата врска со премиерот“, рече Кузевска.

СДСМ истакна дека изборот отвора сериозен сомнеж и потенцира потреба за проверка од македонските безбедносни служби.

Related posts

Украина се откажува од амбицијата за НАТО во замена за безбедносни гаранции

admin

Проширена “црната листа” на САД – Самсоненко ќе му прави друштво на Камчев

admin

Политико открива: Трамп ги игнорирал предупредувањата за чувствителна технологија што може да стигне до Кина

admin

Дипломатски скандал меѓу Скопје и Софија: МНР бара итна истрага

admin

Алиу: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

admin

Албанскиот премиер ги исмеа инфлуенсерите: Не бараат работа, туку интервјуа

admin