11.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Синдикатите го блокираат Собранието, Гаши: Тие нека протестираат, ние ќе работиме

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во вторник од 9 часот ќе го блокира пристапот до Собранието, во знак на протест поради застојот во преговорите за зголемување на минималната плата, соопшти синдикатот.

Протестот ќе вклучува блокади на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“, со цел да се спречи пристапот на пратениците со возила до парламентот. Од ССМ велат дека целта е „пратениците да поминат покрај работниците и да ги погледнат во очи“, но и да се спречи, како што наведуваат, наплатата на патни трошоци.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека парламентот ќе продолжи со работа и покрај протестот и дека пратениците треба да најдат начин да присуствуваат на седницата. „Тие нека протестираат – ние ќе работиме“, рече Гаши, додавајќи дека пратениците можат да дојдат пеш или порано, доколку е потребно.

За најавениот протест било разговарано и на редовната координација на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи, соопштија од парламентот.

ССМ најави дека блокадите на институциите ќе продолжат доколку не дојде до договор за повисока минимална плата, оценувајќи дека борбата за плати е „маратон, а не спринт“. Синдикатот не ја исклучува можноста за проширување на протестите, вклучително и генерален штрајк, доколку, како што велат, институциите останат „глуви на работничките барања“.

Related posts

Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако СДСМ најде еден мигрант во Македонија во договор со Британија

admin

Зошто пред земјотресите се појавува чуден светлосен феномен?

admin

Поранешен грчки министер го нарече Младиќ „православен патриот“

admin

Дизелот стигна до 101,5 денари, се отвора пат за нов бран поскапувања

admin

Нова сезона за игри на националистичка карта

admin

Уставни измени со одложено дејство? Сиљановска-Давкова бара прво домашен договор

admin