13.8 C
Скопје
28 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

МЗ и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ потпишаа Меморандум

Министерот за здравство, Азир Алиу, и деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, проф. д-р Благој Ристевски, денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Министерот Алиу истакна дека соработката е насочена кон подобра меѓусебна координација и поефикасно спроведување на законските обврски. „Овој чин претставува јасна потврда на нашата заедничка определба за институционална соработка и за визијата за модерен, ефикасен и одржлив здравствен систем. Убеден сум дека партнерството ќе донесе конкретни резултати – подобро едуцирани кадри, иновативни решенија и поефикасен здравствен систем во служба на граѓаните“, рече Алиу.

Меморандумот предвидува и развој на дигиталната трансформација во здравството, со цел зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на здравствените услуги преку примена на современи технологии.

 

Related posts

Со кола возел 6 мигранти, приведен србин во Неготино

admin

Енергетската криза „изеде“ една гасна централа

ninja

Џафери во жешка фотелја: Кои се приоритетите на владата?

admin

Зошто Трамп не сакаше да бидат објавени досиејата за Епстин

admin

35 години независност: Македонија доби држава, но дали ја изгради?

admin

Трамп шокира со најава: Договорот со Иран се потпишува за 24 часа?

admin