20.9 C
Скопје
22 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Министерството за здравство ја отвори Четвртата балканска школа за педијатри

Синоќа се одржа отворањето на четвртата Балканска школа за педијатри, настан кој обезбедува простор за размена на знаења, искуства и професионални контакти меѓу стручњаците посветени на здравјето на децата, соопшти министерот за здравство, Азир Алиу.

Алиу истакна дека педијатријата е една од најодговорните и најхумани области во медицината, додавајќи дека грижата за најмладите претставува и професионална и општествена одговорност. Министерот нагласи дека Владата останува фокусирана на подобрување на условите во педијатриските оддели, модернизација преку набавка на нова медицинска опрема и зајакнување на човечките ресурси.

„Свесни сме дека без стручен, мотивиран и поддржан кадар, нема да може да постои силен и одржлив здравствен систем“, рече Алиу. Тој додаде дека во последниот период се одобрени 17 специјализации по педијатрија за јавните здравствени установи, а дополнително се вработени 15 приватни специјализанти, дел од кои се ангажирани во Универзитетската клиника за педијатрија.

Министерот подвлече дека ваквите настани се важни за следење на современите текови во медицината и за унапредување на квалитетот на здравствената заштита за децата.

 

Related posts

“Тему“ добива на популарност кај македонските купувачи, но има и слаби страни

admin

Таравари тврди дека ВЛЕН е летаргична, Касами го нарече “нула”

admin

Бујар Османи: Ако се чепне јазикот, Рамковниот договор престанува да важи

admin

Универзитетите бараат корекции, Владата ја брани реформата во високото образование

admin

Петрушевски ја критикува СДСМ за „театар и циркузи“, истакнува решителна борба со криминалот

admin

Протести во малите места во Србија: Поддршка за студентите и ослободување од стравот

admin