Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, објави видео од претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, на кое се гледаат и неговите деца.
ССМ и Трендафилов се во заострени односи со власта поради одбивањето да се поддржи зголемувањето на минималната плата на 600 евра, што го побара Синдикатот. Минатата недела, ССМ организираше голем работнички протест, а вчера го блокираше Собранието, со цел пратениците барем еднаш да дојдат пешки и да ја видат состојбата на работниците. Истовремено, ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80 отсто.
Стојановска ја објави снимката како пример за, како што тврди, злоупотреба на службено возило од страна на Трендафилов за приватни цели. Таа не ја посочи изворот на видеото, кој го снимал, ниту кога е направено.
„Не го слушајте што зборува, туку гледајте како се однесува… Трендафилов, службеното возило на ССМ и приватните обврски…“, напиша Стојановска на својот профил.
Не го слушајте што зборува, туку гледајте го како се однесува… Трендафилов, службеното возило на ССМ и приватните обврски… pic.twitter.com/9SM1YTwgUA
— Дафина Стојаноска (@daci99640087) February 10, 2026

