19.7 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ предлага пакет закони за намалување на цените на горивата и храната

Опозицискиот СДСМ денеска најави поднесување на пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и основните прехранбени производи, како одговор на последното поскапување на горивата.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека пакетот вклучува четири предлог-закони: намалување на ДДВ за горивата од 18 на 5 отсто, намалување на акцизата за четири денари, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и дополнителни мерки за стабилизирање на цените.

„Премиерот Христијан Мицкоски не презема ништо, секој ден имаме само нова лага наместо конкретни мерки. Со нашите предлози, цените на нафтените производи ќе бидат намалени за околу 15 денари“, рече Филипче.

СДСМ побара Владата итно да ги прифати нивните предлози за да се запира кризата со цените. Повикот следи по најавата на Регулаторната комисија за енергетика за ново поскапување на горивата, кое ќе важи од полноќ.

 

Related posts

МАКЕДОНСКИТЕ И БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

ninja

Продолжено примирје, зголемена тензија: Дали ова е само пауза пред нов судир?

admin

ДАВА – стравот на Германија од „партијата на Ердоган“

admin

Животи висат на конец: Зошто Македонија сè уште нема доволно донори?

admin

Вучиќ контра Шекеринска – епизода или политика?

admin

Автомобил Тесла експлодира пред хотелот на Трамп

admin