2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Триангл: Договорите за плати мора да се почитуваат, време е за достоинствени примања

Генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), Лук Триангл, изјави дека синдикатите, работодавачите и Владата мора слободно да склучуваат колективни договори, а резултатите од нив да се почитуваат.

Триангл ја повика Владата и Собранието да ги реализираат зголемувањата на платите договорени со претходната влада, истакнувајќи дека работниците заслужуваат примања кои овозможуваат достоинствен живот.

„Работниците не се сами во својата борба за зголемување на платите. Поддршката доаѓа не само од Сојузот на синдикатите на Македонија, туку и од најголемата меѓународна конфедерација на синдикати“, се наведува во соопштението на ITUC.

Триангл, исто така, изрази загриженост поради извештаи за притисоци и кампањи насочени кон дискредитирање на синдикатите во земјата.

 

Related posts

„Со принципите нема играње“: Мицкоски испрати нова порака за спорот со Бугарија

admin

Политико: Новата власт во Скопје ризикува да ги оживее тензиите

admin

Зара повторно во скандал со нацистичка симболика – спорниот костим итно повлечен

admin

Една милијарда евра даноци: Бизнисот бара стабилни правила од владите на Западен Балкан

admin

Руски дипломат осуден на 12 години затвор: Москва откри „шпионска мрежа“ поврзана со САД

admin

Групата од Грчец имала соработници во разни институции!

admin