10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Европа алармира: Македонија тврди дека троши повеќе од ЕУ за судството – бројките велат друго

Дебатата за издвојувањата за судството се засили по извештајот на Европската комисија, кој заклучи дека македонското правосудство останува финансиски зависно и ранливо на политички влијанија.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер изрази загриженост околу ниските инвестиции во правосудниот сектор, наведувајќи дека Германија вложува значително повеќе по глава на жител.

„Германија уште во 2022 година инвестирала пет пати повеќе по глава на жител од Северна Македонија,“ изјави таа за „360 степени“, додавајќи дека ЕУ може да прифати нови членки само доколку тие континуирано го јакнат владеењето на правото.

Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека државата процентуално вложува повеќе од голем дел земји-членки на ЕУ. „Во 2022 година издвојуваме 0,39% од БДП. Франција е на 0,2%, Германија на 0,3%, европскиот просек е околу 0,3%,“ рече тој, додавајќи дека независен буџет за судиите и обвинителите ќе биде воведен, но со строга отчетност пред јавноста.

Според податоците на Советот на Европа, Северна Македонија издвојува 0,37% од БДП за судството и обвинителството, во споредба со 0,35% во Германија. Но, по глава на жител, разликата е значајна: Македонија инвестира 19,27 евра, додека Германија 140,73 евра.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека правосудството добива високи суми, но резултатите се слаби. „Судиите земаат и до три просечни плати, а резултатите од нивната работа се минимални. Наместо да бараат повисоки примања, нека покажат резултати,“ соопшти партијата.

Related posts

Мицкоски чека „сигнал“ за да се направи чекор напред кон ЕУ

admin

Министерот Тошковски се сомнева дека изборите во Тетово ќе бидат демократски

admin

Дали ќе има договор за датумот за избори?

admin

Борисов: Им подавам рака на нашите пријатели во Северна Македонија

admin

Вучиќ најави оставка: Ќе бидам претседател уште неколку недели

admin

Ескалација на Блискиот Исток: напади во Газа, тензии со Иран и неизвесни разговори во Пакистан

admin