36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Снежен бран од северна Европа се движи кон Балканот – најавено нагло заладување

Студена воздушна маса од северна Европа се спушта кон централните и јужните делови на континентот и во наредните денови ќе го зафати и Балканот, соопштуваат европските и регионалните метеоролошки служби.

Температурите во скандинавските земји паднаа под –30 Целзиусови степени, додека во Србија и делови од регионот денес се забележуваат големи температурни разлики, од 6 до 20 степени, поради силна промена на воздушните маси.

Српската метеоролошка служба (РХМЗ) предупреди дека викендов се очекува нагло заладување со дожд кој ќе преминува во снег, прво на запад и север на земјата, а потоа и во други подрачја. Метеоролозите прогнозираат дека температурите ќе паднат до нулата, со можност за локални снежни врнежи.

Во делови од јужна Србија, Косово и Северна Македонија се најавуваат обилни врнежи од дожд, со опасност од зголемен водостој и појава на локални поплави.

Метеоролозите наведуваат дека ладниот бран ќе трае неколку дена, а стабилизација на времето се очекува кон средината на следната недела.

Related posts

Се распушти вооружената ПКК, важен чекор за Турција без тероризам

admin

САД ја губат битката за странските студенти?

admin

Ќе се укине ли ветото во ЕУ?

admin

Владата разгледува укинување на ДДВ за основна храна, најавено и намалување на акцизите за горивата

admin

Дали булингот ги претвара децата во убијци?

admin

Битка за статус кво или битка за промени

admin