15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Генералниот секретар на НАТО Руте во официјална посета на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во вторник ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, каде ќе биде примен од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, соопштија од нејзиниот кабинет.

За Руте ќе бидат приредени највисоки државни и воени почести, по што е предвидена тет-а-тет средба со Сиљановска-Давкова и пленарни разговори меѓу македонската делегација и претставници на Алијансата.

Во агендата е вклучена и заедничка прес-конференција на претседателката и генералниот секретар.

Во рамки на посетата, Руте ќе ја посети и Армијата на Северна Македонија, каде по неговото обраќање ќе биде организирана презентација на лесната пешадиска баталјонска група, како и разгледување на дел од опремата со која располага единицата.

На настанот се очекува да присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и други високи претставници на Армијата и Министерството за одбрана.

Ова ќе биде прва посета на Руте на земјата откако ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО.

Related posts

Берзите растат, но Волстрит се плаши од едно прашање: Дали примирјето меѓу САД и Иран ќе преживее?

admin

Пробиена блокадата: Иран извезе речиси 5 милиони барели нафта пред историскиот договор со САД

admin

Орбан: Унгарија ќе најде начин да ги заобиколи американските санкции против руската нафта

admin

Армијата и религијата со најголема доверба

admin

Министерот Тошковски се сомнева дека изборите во Тетово ќе бидат демократски

admin

Таравари: Владата бара гаранции за уставните измени

admin