29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Енергенски шок: Цените на гасот и нафтата се искачија до небо по конфликтот на Блискиот Исток!

Цените на природниот гас и на нафтата во Европа нагло пораснаа оваа недела, откако конфликтот на Блискиот Исток се интензивираше, а Катар привремено го суспендираше производството на течен природен гас (LNG), јавуваат извори од енергетскиот сектор.

На холандската берза, цената на еден мегават час гас се искачи на 39,8 евра, што е раст од над 20% во еден ден. Во меѓувреме, цената на нафтата на светските пазари достигна нови рекорди, надминувајќи 100 долари за барел поради блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран, што предизвика загриженост за глобалниот транспорт на енергенси.

Иранскиот Корпус на револуционерната гарда (IRGC) соопшти дека ќе ги нападне бродовите што ќе се обидат да поминат низ теснецот, клучна точка за извозот на нафта и гас од Персискиот залив. Ваквиот развој ја продлабочува неизвесноста на енергетските пазари и го зголемува ризикот од дополнителни инфлациски притисоци во Европа.

Енергетски аналитичари предупредуваат дека, иако цените на гасот и на нафтата не се очекува да експлодираат во следните три месеци, краткорочните шокови можат да влијаат врз економиите зависни од увоз на енергенси. Министерството за енергетика на Северна Македонија соопшти дека земјата е меѓу најснабдените во регионот со нафтени ресурси, но следи внимателно за потенцијални прекини во снабдувањето.

Повеќето европски берзи веќе регистрираа падови, додека трошоците за транспорт на нафта и гас достигнаа рекордни нивоа поради затворањето на клучните пристаништа и инфраструктура во Саудиска Арабија, Ирак и Израел.

Ескалацијата на цените на енергенсите доаѓа во момент кога геополитичките ризици на Блискиот Исток растат, а инвеститорите ја следат секоја нова информација за нападите од САД и Израел врз Иран.

Цените на енергенсите денеска се под голем притисок, а аналитичарите предупредуваат дека секој нов конфликт во регионот може дополнително да го загрози снабдувањето и стабилноста на енергетските пазари.

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека згаснатото СЈО било под политичко влијание на СДСМ

admin

ДЕЦАТА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ – ТРН ВО ОКО ЗА ЈАВНОСТА

ninja

Петрушевски бара одговори: Кој го договарал тендерот од 18 милиони денари?

admin

Коста се обидува да го заобиколи Орбан околу кандидатурата на Украина за ЕУ

admin

Скопје ја започнува празничната сезона со осветлување на елката, без новогодишен огномет

admin

Русија со рекордна регрутација – украинци од окупираните територии присилно испратени на фронт

admin