26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски ги отфрли тврдењата за грчка интервенција во говор на Меланија Трамп

Премиерот во петокот изјави дека не верува оти грчки дипломатски претставници имале увид во говорот на првата дама на САД, , ниту дека успеале да влијаат врз употребата на името на земјата.

Коментарот следи по медиумски извештаи во Грција дека нивната амбасада во Вашингтон интервенирала за да се користи формулацијата „Северна Македонија“ наместо „Македонија“ за време на настан во .

„Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД, пред да биде јавно изнесен, оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа,“ изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека, доколку вакво нешто навистина се случило, тоа би укажувало на сериозен проблем во безбедносните протоколи на САД.

„Од моето искуство, многу е тешко, да не речам невозможно, некој надворешен да дојде до говорот на првата дама пред таа да ѝ се обрати на јавноста,“ рече премиерот.

Според извештаите во грчките медиуми, амбасадорот бил информиран за содржината на говорот и „навреме реагирал“ за да се користи официјалното уставно име на земјата.

Истите извори наведуваат дека по таа интервенција, првата дама ја употребила формулацијата „Северна Македонија“, со што, како што се вели, биле избегнати можни дипломатски недоразбирања.

Мицкоски, пак, оцени дека ваквите тврдења се обид за медиумско внимание.

„Тие што го смислиле ова, мислам дека направиле неуспешна играна серија,“ изјави тој.

Related posts

Зијадин Села: Изет Меџити го киднапираше Кастриот Реџепи, а сега го направи дел од неговата партија

admin

Департизација или политичка цементација: Дебатата за висока раководна служба во администрацијата се заострува

admin

ДУИ мета на критиките за корупција, почна ли предизборната кампања?

admin

Сарацин во Скопје – продолжува дипломатската офанзива

admin

Трамп ги замрзна сите проекти, за три месеци ќе се донесе нова одлука

admin

Опасна воздушна провокација: Руски авиони влегуваат во Естонија, НАТО во готовност

admin