20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

Ормускиот теснец гори: САД тврдат дека уништиле 16 ирански бродови

Американската војска соопшти дека „елиминирала“ 16 ирански бродови за поставување мини во Ормускиот теснец, откако претседателот Доналд Трамп го предупреди Техеран да не поставува мини во една од најважните светски поморски рути.

Командата на американските сили за Блискиот Исток (CENTCOM) објави снимки на кои, според нив, се гледа уништување на повеќе ирански пловни објекти во близина на теснецот. Американските власти претходно соопштија дека уништувањето на иранските поморски капацитети е една од главните цели на операцијата против Иран.

Во меѓувреме, најмалку три товарни бродови беа погодени од „непознати проектиили“ во близина на Ормускиот теснец, соопшти британската служба UK Maritime Trade Operations (UKMTO). Во еден од инцидентите избувнал пожар на брод, по што екипажот бил евакуиран. Според властите, нема информации за жртви.

Судирите се прошируваат и во регионот. Иран соопшти дека започнал нов бран напади врз цели во Израел и врз американски бази на Блискиот Исток, вклучувајќи ги базите Ал Удеид во Катар, Камп Арифџан во Кувајт и Харир во Ирак. Американските власти засега не ги потврдија нападите.

Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала шест балистички ракети насочени кон воена база на истокот од земјата, како и неколку дронови насочени кон нафтени полиња. Обединетите Арапски Емирати соопштија дека одговараат на ракетни напади, додека во Бахреин беа активирани сирени за воздушна опасност.

Во Дубаи, четири лица се повредени кога два дрона паднале во близина на меѓународниот аеродром, соопштија локалните власти. Воздушниот сообраќај продолжил да функционира нормално.

Во меѓувреме, Израел соопшти дека извршил нови воздушни напади врз цели на Хезболах во јужните предградија на Бејрут и во градот Тир во Либан. Либанското министерство за здравство соопшти дека во израелските напади врз градот Кана загинале пет лица, а петмина биле повредени.

Новинар на Би-Би-Си во Бејрут изјави дека експлозија погодила станбена зграда во централниот дел на градот во раните утрински часови, предизвикувајќи страв кај жителите дека израелските напади повеќе не се ограничени само на упоришта на Хезболах.

Советот за безбедност на Обединетите нации подоцна во текот на денот треба да гласа за две конкурентни резолуции поврзани со конфликтот. Еден нацрт, предложен од земјите од Персискиот Залив, ги осудува нападите на Иран врз нивните територии, додека втор, предложен од Русија, повикува на прекин на нападите врз цивили и враќање на преговорите.

Конфликтот предизвика големи нарушувања во глобалната трговија. Цените на нафтата, кои во понеделникот достигнаа речиси 120 долари за барел, во средата се стабилизираа на околу 83 долари за американската нафта и 87 долари за сортата „брент“.

Шефот на данската бродска компанија Maersk, Винсент Клерк, изјави за Би-Би-Си дека зголемените транспортни трошоци поради конфликтот на крајот ќе се префрлат врз потрошувачите. Тој предупреди дека бродските компании нема да испраќаат пловни објекти низ опасните рути сè додека постои закана од напади со дронови.

Според американскиот Стејт департмент, повеќе од 43.000 американски државјани го напуштиле Блискиот Исток од почетокот на конфликтот на 28 февруари. САД организирале десетици чартер летови за евакуација на граѓаните од регионот.

Related posts

Нафтата повторно над 100 долари

admin

„Бугари во Владата може, во Устав не може“ – нова политичка пресметка

admin

Илон Маск: Вградивме безжичен чип во човечки мозок

admin

Фетаи до Таравари и Села: Кажете ги општините кои ви ги подари Дедо Мразот од Зајаз

admin

Протест: „Собранието заседава – ве молиме за галама“

admin

Како до стан со изгор цени за квадратен метар?

admin