30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Генералниот секретар на НАТО Руте во официјална посета на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во вторник ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, каде ќе биде примен од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, соопштија од нејзиниот кабинет.

За Руте ќе бидат приредени највисоки државни и воени почести, по што е предвидена тет-а-тет средба со Сиљановска-Давкова и пленарни разговори меѓу македонската делегација и претставници на Алијансата.

Во агендата е вклучена и заедничка прес-конференција на претседателката и генералниот секретар.

Во рамки на посетата, Руте ќе ја посети и Армијата на Северна Македонија, каде по неговото обраќање ќе биде организирана презентација на лесната пешадиска баталјонска група, како и разгледување на дел од опремата со која располага единицата.

На настанот се очекува да присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и други високи претставници на Армијата и Министерството за одбрана.

Ова ќе биде прва посета на Руте на земјата откако ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО.

Related posts

Дали државата планира стратегија со која ќе стане рударска колонија на ЕУ?

admin

Европа подготвува мисија за Ормус, и покрај противењето на Трамп

admin

Лондонскиот самит го оживеа Берлинскиот процес, но ги откри поделбите околу миграцијата

admin

Иран дозволува безбеден премин низ Ормус за „непријателски“ бродови

admin

МПЦ-ОА има право на протест, дури и кога греши

admin

Енергетската криза „изеде“ една гасна централа

ninja