Летното сметање на времето започнува ноќва, кога стрелките на часовниците ќе се поместат еден час нанапред.
Промената ќе се случи во недела, на 29 март, во 02:00 часот по полноќ, кога времето ќе се смета како 03:00 часот, со што граѓаните ќе „изгубат“ еден час сон, но ќе добијат подолги и посветли попладниња.
Северна Македонија, како и повеќето европски земји, го применува сезонското поместување на времето, кое се случува двапати годишно – во последната недела од март и последната недела од октомври.
Летното сметање на времето ќе трае до крајот на октомври, кога часовниците повторно ќе се вратат еден час наназад и ќе започне зимското време.

