9.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Почна судењето за корупција во АФПЗ – осум лица обвинети за примање и давање поткуп

Основниот кривичен суд во Скопје го почна судскиот процес против поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, кој е обвинет за примање поткуп, соопштија од судот.

Заедно со Стоилев, обвинети се уште осум лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и едно правно лице. Тие се сомничат за финансиски малверзации и злоупотреба на службената положба поврзани со користење на средства од европската ИПАРД-програма.

Според обвинението, Стоилев и другите обвинети во повеќе наврати ветувале и давале пари со цел да се одобрат финансиски средства за фирма што не ги исполнувала критериумите на јавниот повик. На раководно службено лице во Агенцијата му бил ветен подарок од 50.000 евра, а на уште три лица им биле дадени по 5.000 евра за да го искористат своето влијание и службена положба за да се донесе одлука што не требало да биде донесена.

Судењето се одвива пред судијката Ленка Давиткова, а јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова го застапува обвинението. Следното рочиште е закажано за 30 април, кога дел одбраната ќе има можност да изврши увид во доказите, кои вклучуваат видеоматеријали од надзорни камери, електронски уреди и други документи.

Обвинителството посочи дека во текот на истражната постапка се утврдени кривични дела против четворица службеници кои овозможиле незаконско одобрување на апликации за ИПАРД-средства. Во обвинителниот акт се бара одземање на предметите употребени за извршување на делото, како и парични средства во износ од 35.370 евра, 206.000 денари и 200 швајцарски франци.

Случајот е еден од најголемите корупциски скандали поврзани со ИПАРД-програмата во Северна Македонија и предизвика суспензија на програмата ИПАРД 3 во земјата.

Директорот Стоилев и другите обвинети се наоѓаат во притвор, додека првоосомничениот Џевдет Насуфи, управител на правното лице, е во куќен притвор. МИА јавува дека останатите тројца обвинети, меѓу кои даночен референт и државен службеник од Министерството за земјоделство, ја злоупотребиле својата службена положба за да влијаат врз одлуките на директорот на Агенцијата.

Related posts

Мицкоски ја формираше коалицијата „Твоја Македонија“

admin

Чии се 35-те години независност? Видеото на Мицкоски отвори нова војна меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

admin

СДСМ: ДУИ покажа одговорност, на потег е ВМРО-ДПМНЕ

admin

Северна Македонија со најслаб економски раст во Западен Балкан

admin

Од дрвото не се гледа шумата, од партиите – идеологијата

admin

Антикорупциска бара истрага за ДУП-от за бензинската на „Пуцко Петрол“

admin