30.9 C
Скопје
16 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

МВР: Уапсени 14 лица во акција против нелегална продажба на лекови и медицински помагала

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во координирана полициска акција се уапсени 14 лица и се сузбиени организирани криминални групи осомничени за нелегална продажба на лекови и медицински помагала.

Акцијата била спроведена на 23 април од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

„Сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела ‘злосторничко здружување’, ‘повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма’ и ‘примање поткуп’“, соопшти МВР.

Врз основа на судски наредби биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Меѓу уапсените има лица вработени како доктори на скопските клиники, сопственици на дерматолошки ординации, како и лица инволвирани во транспорт и продажба на нелегално внесени медицински производи.

При претресите биле пронајдени и одземени филери, ботокс и други медицински препарати, како и 39.285 евра, 2.490 швајцарски франци и 26.000 денари, патничко возило „порше“, парфеми, мобилни телефони и друга стока.

МВР информираше дека денеска е поднесена кривична пријава против 19 физички и шест правни лица за повеќе кривични дела, меѓу кои злосторничко здружување, повреда на права од индустриска сопственост и примање поткуп.

Според истрагата, осомничените во текот на 2026 година формирале криминални групи кои набавувале фалсификувани медицински лекови и помагала, вклучително и ботокс, од Србија, Кореја и Турција.

Производите биле нелегално внесувани во земјата, без одобрение од надлежните институции и без соодветна декларација, по што биле складирани, дистрибуирани и користени за естетски интервенции.

„Иако биле свесни дека станува збор за лекови и медицински помагала кои не се увезени согласно закон, истите ги аплицирале на трети лица, со што предизвикале опасност по здравјето на луѓето“, соопшти МВР.

Во случајот е осомничен и царински службеник, кој според полицијата примил поткуп за да овозможи влез на нелегална стока без царинска контрола.

Истрагата продолжува, а надлежните институции најавуваат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

Related posts

Анализа на Дојче Веле: Сегашноста не е иста низ владини и опозициски очила

admin

Зошто Путин го запре целиот извоз на бензин и дизел надвор од Русија?

admin

Германски воен офицер уапсен поради шпионирање за Русија

admin

Филипче: Националниот совет за евроинтеграции е „про-форма“ без суштинска улога

admin

Лидерот на СДСМ Филипче во Берлин: Ќе ги бранам црвените линии за јазикот и идентитетот

admin

ЕВРОЗОНАТА ПРЕД ЗИМСКА РЕЦЕСИЈА

ninja