26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Историски ден“ – што носи посетата од Швајцарија?

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека Северна Македонија очекува да биде третирана рамноправно во европските процеси и да се фокусира на реформите, по средбата со швајцарскиот претседател Ги Пармелан, кој престојува во прва официјална посета на земјата.

Таа ја оцени посетата како „историска“, нагласувајќи дека претставува нова фаза во билатералните односи и силен сигнал за значењето што Швајцарија му го придава на регионот.

„Ова е историски ден не само за мене, туку и за сите нас во државата“, рече Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција.

Според неа, Швајцарија е пример за успешна мултикултурна и повеќејазична држава, од која Северна Македонија може да учи, особено во делот на демократијата и институционалниот развој.

Таа нагласи дека двете земји имаат силен дијалог заснован на почит и дека соработката ќе продолжи во рамки на меѓународните организации, вклучително и ОБСЕ, Обединетите нации и Советот на Европа.

„Она што го бараме е да бидеме третирани како другите и да се концентрираме на реформските предизвици, без да ја трошиме енергијата на ирационални прашања“, изјави претседателката.

Сиљановска-Давкова посочи дека Швајцарија е значаен донатор и партнер, особено во областа на демократското управување, економскиот развој и зајакнувањето на институциите. Таа потсети дека преку програмата за соработка 2025–2028 се обезбедени над 56 милиони швајцарски франци за поддршка на реформите.

Швајцарскиот претседател изјави дека посетата доаѓа како потврда за позитивниот развој на односите, додавајќи дека двете земји ги поврзуваат мултикултурноста и силните билатерални врски.

„Живееме во тешки времиња и важно е државите со слични вредности да ги зајакнуваат своите односи“, рече Пармелан.

Тој нагласи дека Швајцарија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија, особено во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.

Пармелан, кој пристигна во Скопје на покана на државниот врв, се очекува да оствари средби и со премиерот и претседателот на Собранието, со фокус на економската соработка и инвестициите.

Related posts

ЃУКАНОВИЌ: ГО ПОДДРЖУВАМЕ ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА КОСОВО

ninja

Дронови, вештачка интелигенција и нови технологии радикално ќе ја променат природата на војувањето

admin

Илјадници летови откажани во САД поради владин прекин на работа

admin

Трамп вели дека Украина не се обидела да го погоди резиденцијалниот имот на Путин

admin

Др. Алон Бен Меир: Ќе мора да се случи нешто од огромни размери на Блискиот Исток за да се промени оваа динамика

admin

Николоски: Граѓаните не треба да купуваат станови пред да се изградат, цените се напумпани

admin