11.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Алиу: Нова листа на есенцијални лекови по една деценија, проширен опфат со контрацепција и никотинска терапија

Министерот за здравство Азир Алиу ја претстави денеска новата, модернизирана листа на есенцијални лекови, по повеќе од една деценија без ажурирање, како дел од реформите за подобрување на транспарентноста, достапноста и усогласеноста со современите медицински стандарди.

„Листата на есенцијални лекови е изработена врз основа на најновите научни докази и меѓународни практики, со цел обезбедување квалитетна и навремена терапија за пациентите“, изјави Алиу на прес-конференција.

Тој додаде дека листата претставува клучен инструмент за обезбедување основни терапии од значење за јавното здравје и за нивно вклучување во системот на здравствено осигурување.

За првпат, во листата се вклучени лекови за контрацепција и никотин-заменска терапија, со што се проширува опфатот на здравствените услуги и се одговара на современите здравствени потреби на населението.

Процесот на ажурирање започнал кон крајот на 2025 година во рамки на националната платформа за лекови, во координација со Министерството за здравство и со поддршка од Светската здравствена организација, со учество на институции, академската заедница, пациентски организации и фармацевтската индустрија.

Како референтна основа била користена листата на есенцијални лекови на Светската здравствена организација, која се ажурира на секои две години.

Со новиот закон за лекови се предвидува редовно ажурирање на националната листа на секои две години, со цел континуирано усогласување со современите терапевтски стандарди и подобрување на пристапот до ефикасни терапии.

Министерството за здравство соопшти дека останува посветено на унапредување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита за сите граѓани.

Related posts

Оди Адидас, доаѓа Најк: Критики за Германската фудбалска федерација

admin

По влезот во НАТО, Русија ја “напаѓа” Финска со мигранти

admin

ЧАВУШОГЛУ – ДОКОЛКУ АТИНА НЕ САКА МИР, АНКАРА ЌЕ НАПРАВИ СÈ ШТО Е ПОТРЕБНО

ninja

Кој се плаши од предвремени парламентарни избори?

admin

МФ: Издадена 22-та емисија Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра

admin

Вучиќ продолжува консултации со партии за избори, ЕУ и безбедност

admin