20.3 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Алиу: Новиот закон за пушење треба да ги заштити младите, работниците и пазарот

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на состанок на Економско-социјалниот совет во Владата ги презентираше новините во предлог-законот за заштита од пушење, оценувајќи дека постојната регулатива е застарена и не одговара на денешната реалност.

„Постојниот закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските објекти и слабата заштита на младите. Овој закон е дел и од нашите обврски кон Европската Унија, но уште поважно, тој е одговор на реалните проблеми што директно ги чувствуваат работниците, компаниите и семејствата“, рече Алиу.

Тој нагласи дека тутунот не е само здравствен предизвик, туку и сериозен економски товар за државата.

„Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно, односно за околу 13% од вкупниот број смртни случаи, со што Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа, со над 170 смртни случаи на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од 95“, истакна министерот.

Алиу посочи дека, покрај здравствените последици, економскиот товар од употребата на тутун е речиси четирипати повисок од вкупните приходи што државата ги собира од акцизите на тутунските производи.

„За секој денар што влегува во Буџетот преку акцизи на тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици“, рече тој.

Според него, работниците во угостителството се најизложената група на штетните последици од пушењето, поради што со новите законски решенија чистиот воздух на работното место треба да стане право на секој работник.

„Воведуваме и принцип на пропорционална одговорност – работодавачот што ги презел сите мерки и го пријавил прекршувањето, нема да одговара за туѓо однесување“, рече Алиу.

Во однос на загриженоста во угостителскиот сектор, тој рече дека научни сознанија од светски референтни истражувања покажуваат дека сеопфатните забрани имаат неутрален или позитивен ефект врз продажбата во угостителството.

Тој додаде дека истражување спроведено во земјава во декември 2025 година покажало оти само 14% од угостителите сметаат дека сегашната регулатива е целосно неефикасна, додека околу 50% се подготвени да се приклучат на иницијативи за средини без чад.

„Нивните забелешки не се против забраната, туку против нејасните правила и нелојалната конкуренција. Тоа го решаваме со универзални правила за сите“, рече министерот.

Тој додаде дека се предвидени и преодни периоди од шест месеци за изложувањето во малопродажбата и една година за угостителските тераси.

 

Related posts

Старите херои повторно во служба: Пензионирани пилоти ангажирани за гаснење летни пожари

admin

САД се соочува со кризата на јајцата

admin

Срце што продолжи да чука: Приказна за животот што победи над загубата

admin

Германија во 2024 додели државјанство на рекорден број странци, меѓу нив 2.805 Македонци

admin

Под санкции, Литаско брзо се намалува додека ЛУКОИЛ се бори со ограничен пристап до финансии

admin

Над 4.1 милиони украинци се засолнети во ЕУ

admin