36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

РАЦИИ ВО ТРИ ГРАДА: Разбиена мрежа, уапсени лекари и сопственици на ординации

Организирана криминална група инволвирана во извршување на повеќе кривични дела е сузбиена во денешна акција на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека, по претходна судска наредба, се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.

Во рамки на акцијата се уапсени повеќе лица.

Според првичните информации, дел од уапсените се вработени како доктори на скопските клиники, а дел се сопственици на дерматолошки ординации.

Сомневањата се дека групата била поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на фалсификувани ботокси, филери и други медицински препарати, кои биле внесувани во Македонија преку нелегални канали од повеќе држави, меѓу кои Кина, Турција и Србија. Производите, според информациите, немале соодветна контрола, дозволи ниту регистрација, а потоа биле пласирани на пазарот.

Овие препарати, кои често се користеле под превезот на естетски третмани, наместо подобрување на изгледот, можеле да предизвикаат сериозни здравствени последици – инфекции, деформитети, трајни оштетувања, па дури и ризик по животот на граѓаните.

Надлежните сè уште не соопштуваат детали за акцијата и за уапсените. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Related posts

Тајниот безбедносен инвестициски фонд на Британија излегува од сенка

admin

Алиу: Девет пациенти биле непотребно оперирани на срце

admin

Филипче жестоко до Мицкоски: Нема средба со криминални структури

admin

Полицијата удри во Гостивар – марихуана, оружје и приведени лица

admin

Шмит: Европа нема стратегија за Балканот, Босна останува ранлива

admin

Кошта од Тирана порача дека проширувањето е геостратешка потреба

admin