8.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Над 796.000 патници за три месеци – Скопје руши рекорди

Скопскиот аеродром го забележа најдобриот прв квартал во својата историја, со 796.513 патници во периодот јануари–март, што претставува раст од 33,7 проценти во споредба со истиот период лани.

Само во март, низ аеродромот поминале 285.491 патник, што е зголемување од 36,7 проценти на годишно ниво. Во истиот месец биле реализирани 1.944 летови, односно 6,9 проценти повеќе во споредба со минатата година.

Двата меѓународни аеродрома во земјата годинава се очекува заедно да надминат 3,5 милиони патници, додека во 2027 година се прогнозира бројката да ја надмине границата од четири милиони.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека растот е резултат на стратегија за привлекување авиокомпании и отворање нови линии.

„Не треба да заборавиме дека Македонија нема излез на море, а сепак во изминатите години додадовме 28 нови линии“, рече Николоски.

Според него, Скопскиот аеродром во првите три месеци бележи најсилен раст во поранешна Југославија, додека охридскиот аеродром расте за околу 20 проценти.

Николоски додаде дека со завршувањето на реконструкцијата и модернизацијата на охридскиот аеродром се очекува уште посилен раст во наредниот период.

Растот на патничкиот сообраќај се поврзува со проширувањето на мрежата на линии, зголемената активност на нискобуџетните авиопревозници и поголемата побарувачка за директни врски кон европските дестинации.

Related posts

Значењето на Коридорот 8 се зголемува во новите околности

admin

Бугарски новинар: Скопје намерно го блокира патот кон ЕУ

admin

Не, „камерите што казнуваат“ се’ уште не се во функција, но дали снимаат?

admin

Меџити потврди: Хоџа ќе биде министер за екологија, Сали прв вицепремиер

admin

123 години од востанието, 82 од АСНОМ: Македонија го одбележува Денот на Републиката

admin

Преместување во ќелија, мобилни телефони, оружје… Кој е ценовникот во затворите? Корупцијата цвета, а условите никакви

admin