7.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Недостиг на работна сила ја притиска индустријата, производството во пад

Намалувањето на работната сила во Северна Македонија продолжува да ја погодува индустријата, при што најновите податоци покажуваат пад и на вработеноста и на производството, особено во рударството и преработувачкиот сектор.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на вработени во индустријата во периодот јануари–февруари 2026 година е намален за 3,5% во споредба со истиот период лани.

Пад е регистриран во повеќе клучни сектори, вклучително и рударството, каде бројот на работници е намален за 6,3%, како и во преработувачката индустрија со 3,4%. Намалување има и во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа.

Податоците покажуваат дека недостигот на квалификувана работна сила останува сериозен проблем, при што анализите укажуваат дека на земјата ѝ недостигаат околу 10.000 работници годишно, најмногу во градежништвото и туризмот.

Во изминатите пет години, бројот на активно население е намален за речиси 166.000 лица, што дополнително го ограничува потенцијалот за економски раст.

Паралелно, индустриското производство во февруари 2026 година е намалено за 4,2% на годишно ниво. Најголем пад е забележан во рударството, со 9,6%, додека преработувачката индустрија бележи намалување од 1,9%. Значителен пад има и во снабдувањето со енергија.

Намалувањето на производството е најизразено во секторите текстил и облека, производство на машини, металната индустрија и фармацевтските производи.

Иако одредени сегменти, како капиталните и интермедијарните производи, бележат умерен раст, вкупниот тренд укажува на слабеење на индустриската активност во услови на недостиг на работна сила и структурни економски предизвици.

Related posts

Маричиќ: Уставните измени се влог за нашето членство во ЕУ

admin

Филипче повика на лидерска средба, владата вели дека сè уште нема официјално барање

admin

Таравари жестоко удри по Села: ‘Голем фајтер, но секогаш губи’

admin

Кошта ги повика лидерите на ЕУ на итен самит за Иран, Украина и енергетската безбедност

admin

Нафтоводот Солун–Скопје ќе се врати во функција до крајот на годината

admin

Анкета на МКД: Мицкоски и Ахмети најпопуларни политичари

admin