10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пендаровски: ЕУ ги смени правилата – проширувањето веќе не е според критериуми, туку според геополитика

Поранешниот претседател Стево Пендаровски изјави дека Европската унија де факто ги променила критериумите за членство и дека процесот на проширување сè повеќе се води од геополитички, а не од реформски принципи.

Говорејќи на дебата за европската интеграција во Скопје, тој оцени дека Унијата се трансформира од мировен во безбедносен проект, особено по руската инвазија врз Украина, што влијаело врз приоритетите во проширувањето.

„Проширувањето повеќе не функционира како процес базиран на критериуми, туку како геополитички процес“, рече Пендаровски, посочувајќи на забрзаното приближување на Украина и Молдавија кон ЕУ, и покрај воените и институционалните предизвици.

Тој додаде дека Европската унија не покажува јасна политичка волја за суштински напредок на земјите од Западен Балкан и изрази сомнеж дека во блиска иднина ќе има значајни промени во политиката за проширување.

Пендаровски, исто така, оцени дека регионот назадува во демократскиот развој и дека постои зголемена нестабилност, особено во однос на малцинските права.

На истата дебата, Кристоф Бендер од Европската иницијатива за стабилност изјави дека членството во ЕУ останува најдобра опција за регионот, но предупреди дека процесот на пристапување останува заглавен поради структурни и политички пречки.

Според него, и покрај зголемената реторика за проширување, динамиката на интеграција не е суштински променета, при што повеќето земји од Западен Балкан се соочуваат со различни блокади – од билатерални спорови до внатрешни политички слабости.

Бендер нагласи дека Европската унија нема намера да ги намали критериумите за членство, особено во делот на владеењето на правото, и предупреди дека Брисел сака да избегне влез на земји кои би можеле да ја блокираат Унијата одвнатре.

Учесниците на дебатата се согласија дека и покрај геополитичкиот контекст, членството во ЕУ останува стратешка цел за регионот, но дека патот до него останува неизвесен.

 

Related posts

Крај за старите хидроцентрали? Земјите масовно ги уриваат браните за спас на природата

admin

Кабинет на Ковачевски: За осуда е неинтонирањето на македонската химна и истакнување недржавни знамиња

admin

Русија гласа по четири години војна: Антивоената партија тргната од листата, Путин бара „победа“

admin

Трамп го именува Волц за амбасадор во ОН по скандалот со Signal

admin

Ќе продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ, рече Бајден по телефонскиот разговор со Зеленски

ninja

Крвави судири на границата: Тајланд и Камбоџа се борат додека Трамп се обидува да ги спречи!

admin