ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, предводена од Венко Филипче, се определила за продолжување на постојните политики наместо за реформи, оценувајќи дека партијата останува под влијание на поранешниот лидер Зоран Заев.
Во соопштение, ВМРО-ДПМНЕ наведе дека присуството на Заев на партиски настан, проследено со позитивни реакции од членството, според нив укажува на негово континуирано влијание врз СДСМ.
„Одушевувањето и аплаузот за Заев се доказ дека Филипче и лојалистите продолжуваат по старата матрица – заштита на поединци и игнорирање на членството“, соопшти партијата.
ВМРО-ДПМНЕ оцени дека во СДСМ доминираат „старите структури“, додека, според нив, реформските гласови се маргинализирани.
„Наместо самокритика и катарза, Филипче покажа дека нема намера за промени“, се наведува во реакцијата.
Партијата додаде дека без, како што велат, „расчистување со старите структури“, СДСМ нема да може да ја врати довербата кај граѓаните.

