10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

ЕП го усвои извештајот за проширување на ЕУ: Западен Балкан, Украина и Молдавија на пат кон интеграција

Европскиот парламент го усвои извештајот за стратегијата за проширување на Европската унија со 385 гласа „за“, 147 „против“ и 98 „воздржани“. Извештајот, изготвен од литванскиот европратеник Петрас Ауштревичиус од групата „Да ја обновиме Европа“, ја оценува проширувачката политика како стратешки одговор на променливата геополитичка состојба и како витална инвестиција во безбедноста и стабилноста на ЕУ.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, порача дека Унијата нема да дозволи приклучување на земји кои би можеле тајно да ги поткопаат нејзините вредности или институции, предупредувајќи на ризикот од „тројански коњи“.

„Проширувањето бара реформи, демократски напредок и силни институции. Нема да дозволиме токсично влијание или земји што би ја поткопале ЕУ да станат членки“, рече Кос.

Извештајот исто така нагласува дека иднината на земјите од Западен Балкан, како и на Украина и Молдавија, зависи од посветеност на реформите и усогласување со европските стандарди.

Пратениците ја поздравија стратегијата како можност за стабилизација на регионот и како одговор на геополитичките предизвици, особено во контекст на тензиите со Русија и безбедносните ризици во источниот дел на Европа.

 

Related posts

Што направил архимандритот Васијан пред Бугарија да го протера?

admin

Меџити вели ВЛЕН е волјата на Албанците, Таравари: Се гледаме на избори

admin

Паѓа поддршката за членство во ЕУ, младите се евроскептични

admin

Уставни измени: Кој и кога ќе ја сврти „плочата“?

admin

Само 11 часа по кандидатурата – полиција на врата на Билјана Ивановска

admin

ВУЧИЌ И КУРТИ ГО ПРИФАТИЛЕ ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА

ninja