0.8 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Потпишан меморандум со ИНОВА, Јаневска: Универзитетите се клучни за иновации

Академската заедница има клучна улога во развојот на знаењето, иновациите и општествениот напредок, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска при потпишување меморандум за соработка меѓу Агенцијата за иновации и шесте државни универзитети.

Според Јаневска, целта на договорот е заедничко креирање иновативни проекти, полесен пристап до финансирање и унапредување на квалитетот на високото образование.

„Преку оваа соработка ќе создадеме повеќе можности за научни и технолошки достигнувања и ќе развиваме кадар подготвен да одговори на современите предизвици“, рече таа.

Министерката нагласи дека Владата останува посветена на поддршката на универзитетите, вклучително и преку нова законска рамка за стимулирање на академската и научната работа, како и континуирани инвестиции во образованието и истражувањата.

Како пример, таа посочи дека минатата година биле распределени околу 6 милиони евра за поддршка на иновативни проекти во високообразовните и научните институции, Македонската академија на науките и уметностите и приватниот сектор, во согласност со Стратегијата за паметна специјализација.

Јаневска изрази очекување дека универзитетите и бизнис-заедницата ќе ја насочат својата работа кон приоритетните области дефинирани во стратегијата, со цел поголем економски и технолошки напредок.

На настанот се обратија и директорката на Агенцијата за иновации Даниела Димовска, ректорите на државните универзитети, како и премиерот Христијан Мицкоски.

Related posts

Меџити контра ДУИ: Вие сте последните витези на Груевски

admin

Чистка во врвот на кинеската војска: Дали Си подготвува армија за Тајван или се бори за политички опстанок?

admin

Агелер: Со нетрпение чекаме да видиме кој ќе победи на изборите во САД

admin

Рубио со помирлив тон кон Европа, но ја задржа тврдата линија на администрацијата на Трамп

admin

Филипче најави политичка офанзива: Интерпелации, блокада на „Скопје 2028“ и предупредување за тежок септември

admin

Северна Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина

admin