0.8 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче: СДСМ ќе се бори за враќање на власта и деблокада на европскиот пат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата ќе започне „чесна и одлучна“ политичка борба за враќање на власта и деблокада на европската интеграција на земјата, оценувајќи дека државата се наоѓа пред „голем испит“.

Говорејќи на свечена седница по повод 35-годишнината од формирањето на СДСМ, Филипче рече дека партијата се враќа со нова политичка понуда, заснована на „правда, солидарност и еднакви шанси“.

Тој ја обвини актуелната власт дека го блокира европскиот пат на државата, додавајќи дека евроинтеграцијата останува „врвен национален и државен интерес“.

„Нема поголем интерес од сојузите со Европската унија и НАТО“, изјави Филипче.

Тој предупреди дека застојот во евроинтеграциите може да доведе до економска стагнација и зголемено иселување на младите, нагласувајќи дека подобрувањето на животниот стандард, здравството и образованието се клучни приоритети.

Филипче истакна дека СДСМ има историска улога во носењето на одлуки поврзани со евроатлантските интеграции, и дека партијата ќе продолжи да се залага за „пристојна, праведна и европска држава“.


Related posts

Трамп: Планот на Зеленски нема тежина без мое одобрување

admin

Анкета: 55% од странските инвеститори планираат нови вложувања во Северна Македонија

admin

Истрагата за Артан Груби е завршена

admin

Гаши: Ни треба дијалог внатре и со соседите

admin

Дипломатија или политичка пропаганда? ВЛЕН и ДУИ во нов судир околу средбата Османи–Вучиќ

admin

Техничката влада пред породилни болки

admin