10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ: „Пиунот на Румен Радев се вика Венко Филипче“

ВМРО-ДПМНЕ денеска со остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека работи во корист на бугарските позиции поврзани со уставните измени и евроинтегративниот процес.

„Пиунот на Румен Радев се вика Венко Филипче, главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум“, наведуваат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „сервилноста и поданството“ на СДСМ кон, како што наведуваат, „туѓи држави и интереси“ не претставуваат европска вредност, туку продолжение на политиките на поранешните раководства на партијата.

Според владејачката партија, СДСМ и Филипче тврдат дека уставните измени се последниот услов за членство во Европската Унија, иако, како што наведуваат, „бугарскиот премиер Радев“ најавувал и нови барања по евентуалните измени.

„Само СДС, Венко Филипче и лојалистите на Заев веруваат дека уставните измени се последната пречка за Македонија и бараат нивно спроведување без никакви гаранции“, се наведува во реакцијата.

Од партијата дополнително го обвинија Филипче дека ја поддржува бугарската позиција оти барањата за промена на Уставот се европски, а не билатерални.

Во реакцијата се додава дека СДСМ „ја кодоши државата“ и работи за туѓи интереси со цел повторно да дојде на власт.

Во меѓувреме, СДСМ денеска повторно ја обвини Владата на Христијан Мицкоски дека не ги спроведува реформите неопходни за продолжување на европскиот пат.

Од опозициската партија велат дека премиерот „намерно ги заострува односите со Бугарија“ за да го дефокусира вниманието од, како што тврдат, неисполнувањето на реформската агенда.

„Мицкоски повторно ја активира добро познатата стратегија за мачкање очи на јавноста и дефокусирање од сопствениот неуспех“, соопшти СДСМ.

Партијата додава дека Владата има доволно мнозинство во Собранието за да ги спроведе реформите и дека опозицијата не е причина за застојот во евроинтегративниот процес.

Политичките тензии околу уставните измени и односите со Бугарија повторно се интензивираат во пресрет на роковите поврзани со реформската агенда и европскиот пат на земјата.

Related posts

Се враќа проблемот со Грција, и Мицкоски нема намера да го употреби уставното име

admin

Путин бега од мировни разговори: Дали Москва ќе го урне договорот Трамп–Зеленски во последен момент?

admin

СИЛНО ЕХО ПО ПОТЕРНИЦАТА ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ЗА ПУТИН

ninja

Апасиев: Левица ќе настапи со сопствен кандидат за градоначалник на Скопје, најголеми удари очекуваме од ВМРО-ДПМНЕ

admin

„Заканата е реална“: НАТО воведува ново оружје против дронови

admin

Проект за вештачка интелигенција што им овозможува на луѓето „да се поврзат со мртвите“ ги загрижува експертите

admin