14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Касами и Меџити на средба со Мицкоски пред студентскиот протест

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик, наведувајќи дека прашањето се решава преку институционален процес и во согласност со Уставот и Законот за употреба на јазиците.

Соопштението доаѓа еден ден откако коалициските лидери Билал Касами и Изет Меџити најавија „добри вести“ поврзани со барањата на албанските студенти.

Од ВЛЕН информираа дека Касами и Меџити одржале работна средба со премиерот Христијан Мицкоски, на која се разговарало за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит.

Според коалицијата, целта е решението да биде „целосно, функционално и одржливо“.

ВЛЕН ја обвини ДУИ дека повеќе од две децении го користела прашањето за политичка пропаганда, без да понуди институционално решение.

„Она што ДУИ не го реши две децении, ние го решаваме со конкретни чекори“, наведоа од коалицијата.

Во соопштението се додава дека јазичната еднаквост, образованието и правдата се темел на модерна држава и дека решението нема да биде „половично“.

Објавата доаѓа во период на засилени политички и јавни реакции околу статусот на албанскиот јазик во институциите, како и пред најавениот студентски протест во Скопје.

Претходно, министерот за правда Игор Филков изјави дека правосудниот испит не може да се организира на албански јазик, оценувајќи дека Уставот не смее да се толкува политички.

Студентските организатори, пак, најавија дека протестот ќе продолжи, оценувајќи дека прашањето се однесува на достоинството и институционалната рамноправност на Албанците во државата.

Related posts

Путин под напад? Украина негира, Русија најавува заострување

admin

Мицкоски со Макрон – за деблокада на македонскиот пат

admin

Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите

admin

Германија предупредува: конфликтот станува сè поскап и покомплексен

admin

Мицкоски и Филипче со меѓусебни обвинувања во кампањата за локалните избори

admin

Министерката Јаневска: Нема услови за трајно вработување на образовните асистенти, започнува оптимизација на училиштата

admin