19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Касами контра Филков: Сите професионални испити ќе се полагаат на албански јазик

Ко-претседателот на ВЛЕН, Билал Касами, во гостување на албанската телевизија Топ Ченел изјави дека студентите во иднина ќе можат сите професионални испити да ги полагаат на албански јазик.

Според Касами, станува збор за процес на усогласување на законите со Законот за употреба на јазиците.

„Имаме согласност со премиерот сите испити за професионална подготовка да се полагаат на албански јазик. Тоа е процес што се однесува на усогласување на сите закони со Законот за употреба на јазиците“, изјави Касами.

Тој додаде дека станува збор за наследен проблем од претходните влади и дека ВЛЕН презел одговорност да го реши.

Касами рече дека коалицијата работи и на решавање на прашањето со правосудниот испит, што беше едно од главните барања на протестот на албанските студенти во Скопје.

Во врска со протестите, Касами изјави дека тие биле злоупотребени од политички експоненти, кои, според него, се виновни што правосудниот испит со години не се полагал на албански јазик.

„Ја поддржуваме секоја форма на протест. Тоа е гласот на граѓаните што ги коригира политиките на владата. За жал, овој протест беше злоупотребен од политички експоненти кои се причинители за истата ситуација“, рече Касами.

Тој ги отфрли тврдењата на Ѓинистерот за правда, Игор Филков, кој изјави дека нема да прави компромиси кога се работи за спроведување на Уставот. Во тој контекст, Касами нагласи дека никој не може да спречи официјална употреба на Албанскиот јазик и во случајот на правосудниот испит.

Тој изнесе и детали за приведените по протестот, тврдејќи дека тројца од уапсените не биле студенти, а еден од нив бил Македонец.

Изјавите на Касами доаѓаат по неколкудневните политички реакции и дебати околу барањето професионалните и правосудните испити да бидат достапни и на албански јазик.

Related posts

Предлог-измените на Законот за градење предизвикаа загриженост за можна приватизација на државни објекти

admin

АА: ВЛАСТА ЛАЖЕ! НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА, ИМА ИСЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

ninja

Лорд Робертсон: „Ако Украина загуби, нашите непријатели ќе одлучуваат за светскиот поредок“

admin

Вулканот во Камчатка еруптираше по 600 години, се очекува опасно цунами

admin

Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО

admin

Софија пред финансиски шамар од Брисел: Дефицитот надмина 4%

admin