14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сиљановска-Давкова: Можеби Мицкоски и Савески се пријатели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека не може да коментира за телефонскиот разговор меѓу премиерот Христијан Мицкоски и државниот јавен обвинител Ненад Савески, бидејќи не знае за што разговарале, додавајќи дека можеби станува збор за приватна комуникација меѓу пријатели.

„Можеби се пријатели, па се слушнале – ‘здраво, како сте, како ви оди работата’. Не можам да кажам за каква телефонска комуникација станува збор бидејќи немам увид во телефонските комуникации“, изјави Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања.

Таа рече дека за природата на разговорот треба да се прашаат двајцата функционери.

„Не можам да судам бидејќи не знам за што зборувале. Вие како новинари имате право да прашате од каква природа бил разговорот“, додаде претседателката.

Сиљановска-Давкова нагласи дека генерално треба да се почитува поделбата на власта, која, како што рече, е темел на демократскиот систем и дел од Копенхашките критериуми.

„Се знае дека треба да се почитува поделбата на властите, надлежноста на секој во сопствената област, со користење на спрегите и кочниците што ни се дозволени“, рече таа.

Јавното обвинителство претходно потврди дека Савески имал телефонски разговор со премиерот Мицкоски, што било прва комуникација меѓу нив откако обвинителот стапил на функцијата. Од Обвинителството наведоа дека во разговорот не биле дискутирани детали за конкретни предмети, вклучително и случајот со запрената истрага за набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“.

Премиерот Мицкоски претходно изјави дека Савески му рекол оти не бил информиран за одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре постапката поврзана со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“.

Related posts

Барутана на чекање: Експерти ќе проверуваат дали Водно може да се лизне

admin

Иран гаѓа со севернокорејски ракети – откриена тајната војна зад сцената!

admin

Лекови, поткуп и перење пари: Што досега се знае за големата акција во Скопје, Тетово и Гевгелија

admin

Касами: Министерството за здравство останува кај Вреди по заминувањето на Таравари

admin

Земјоделски производи: Растат цените, паѓа откупот

admin

Заклучоци на Советот: Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот

admin