18.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

По спорот за „северномакедонски“, Скопје иницира нова средба со Софија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека побарал официјална билатерална средба со новата бугарска министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, по дипломатската тензија што изби оваа недела околу употребата на терминот „северномакедонски“.

Муцунски рече дека иницијативата за средбата дошла од македонска страна и дека таа би можела да се одржи за десетина дена во Шведска, на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

„Мораме да имаме дијалог колку и да не се согласуваме и колку и некогаш да имаме дијаметрално спротивни ставови за различни теми. Дијалогот не мора да значи попустливост“, изјави Муцунски на прес-конференција.

Тој додаде дека официјална потврда од Софија засега нема, но рече дека очекува позитивен одговор.

„Една од темите за дискусија ќе бидат и овие неевропски услови кои ѝ се наметнуваат на нашата држава“, рече шефот на македонската дипломатија.

Дипломатската полемика меѓу Скопје и Софија започна во понеделникот, кога новата бугарска министерка Велислава Петрова-Чамова изјави дека имала средба со својот „северномакедонски“ колега во Брисел и му го пренела ставот на Софија дека Северна Македонија треба да ја спроведе преговарачката рамка со Европската Унија од 2022 година.

Муцунски потоа реагираше дека не станувало збор за официјална средба, туку за „едноминутен разговор“, а употребата на терминот „северномакедонски“ ја оцени како неточна и несоодветна.

Тензиите меѓу двете земји остануваат високи поради бугарското барање Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав како услов за продолжување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Related posts

Томас Вајц: Мора да се бориме против српското, руското и кинеското влијание во Северна Македонија

admin

Огромен безбедносен пропуст: Новинар случајно доби тајни детали за нападите врз Хутите

admin

ВИДЕО | Кој се обидува да поттикне меѓуетнички тензии?

admin

Нема спас – горивата поскапуваат, а Владата „немоќна“

admin

Г7 под притисок да се реформира: САД се повлекуваат, нови сили бараат влез

admin

Столтенберг: Не се разговара за влез на Украина во НАТО

admin