28.3 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Швајцарија ќе ги отвори тајните досиеја за „Ангелот на смртта“ Јозеф Менгеле

Швајцарската Федерална разузнавачка служба соопшти дека ќе ги отвори долго време запечатените досиеја за нацистичкиот воен злосторник Јозеф Менгеле, иако сè уште не е познато кога јавноста ќе добие пристап до документите.

Менгеле, лекар во СС-единиците на нацистичка Германија и еден од најозлогласените злосторници од логорот Аушвиц, по Втората светска војна избегал од Европа и со децении бил предмет на шпекулации дека престојувал и во Швајцарија, иако против него имало меѓународна потерница.

Историчарите со години барале пристап до архивите, но швајцарските власти ги држеле затворени до 2071 година, повикувајќи се на национална безбедност и заштита на семејството.

Јозеф Менгеле бил познат како „Ангелот на смртта“ поради неговата улога во концентрациониот логор Аушвиц, каде селектирал затвореници за гасни комори и вршел брутални медицински експерименти врз деца и близнаци.

По војната, користејќи лажен идентитет и патни документи добиени преку Црвениот крст во Џенова, избегал во Јужна Америка.

Швајцарската историчарка Регула Бохслер открила дека австриската разузнавачка служба уште во 1961 година ги предупредила швајцарските власти дека Менгеле можеби се наоѓа на швајцарска територија под лажно име.

Истовремено, неговата сопруга изнајмила стан во Цирих и побарала постојан престој во Швајцарија.

Полицијата во Цирих дури го ставила станот под надзор, а во извештаите било забележано дека сопругата на Менгеле се движела со непознат маж, но никогаш не било утврдено дали тоа бил самиот Менгеле.

Историчарот Жерар Ветштајн поднел тужба против швајцарските власти поради одбивањето да му биде дозволен пристап до документите, собирајќи околу 18.000 швајцарски франци преку јавна кампања.

По судскиот притисок, Федералната разузнавачка служба конечно попуштила и најавила дека ќе овозможи пристап до досиејата, но „под услови и ограничувања кои допрва ќе бидат дефинирани“.

Дел од историчарите сметаат дека документите можеби содржат информации за контактите меѓу швајцарските власти и израелскиот Мосад, кој во тоа време активно ги ловел нацистичките бегалци низ светот.

Според професорот Јакоб Танер, долгогодишното криење на досиејата повеќе зборува за чувствителноста на Швајцарија околу нејзината улога за време на Втората светска војна отколку за самиот Менгеле.

„Проблем е за една демократска држава овие архиви сè уште да бидат затворени“, вели Танер.

Менгеле никогаш не бил уапсен ниту осуден за злосторствата во Аушвиц. Починал во Бразил во 1979 година под лажно име, а неговиот идентитет бил потврден со ДНК анализа дури во 1992 година.

Историчарите предупредуваат дека и по отворањето на архивите, делови од документите би можеле да останат затемнети или цензурирани.

Related posts

БЕКТЕШИ ЗА ДВ: МОЖНО Е НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА

ninja

Тиват ќе покаже сè: Дали Македонија останува сама на европската раскрсница?

admin

МВР врши проверки, судот одлучува за Артан Груби

admin

Документарец / Тајните служби под лупа: Колку е транспарентен безбедносниот сектор во Северна Македонија?

admin

Орбан и Мицкоски прво на билатералка, а потоа на владина седница

admin

Приватен образовен институт регистриран во обложувалница

admin