36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Муцунски: Дел од реформските мерки за ЕУ се реализирани пред рок

Дел од мерките од реформската агенда за членство во Европската Унија се реализирани пред предвидениот рок, изјави министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

Тој посочи дека државата веќе има добиено значителни финансиски средства и очекува дополнителен период за реализација на преостанатите обврски.

„Одредени мерки, особено оние во надлежност на Министерството за образование и наука, се реализирани предвреме“, рече Муцунски.

Министерот додаде дека, според неформалните информации за последниот извештаен период, оценките за спроведените реформи се позитивни.

„Има позитивни впечатоци за постигнатото во делот на реформите од европската агенда и сме високо позиционирани во регионот“, изјави тој, нагласувајќи дека Владата има амбиција да го задржи тој тренд и во следниот период.

Муцунски истакна дека напредокот се огледува не само во владините политики, туку и во законите што се носат во Собранието, како и во подзаконските акти и институционалните процедури.

„На крајот на денот, резултатите се тие што покажуваат дали нешто е постигнато или не“, рече Муцунски.

Related posts

Трагедија на грчки остров: 17-годишен турист загина од струен удар додека се туширал

admin

СДСМ предлага пакет закони за намалување на цените на горивата и храната

admin

Мицкоски ги пречека лидерите од ЕУ и регионот во Скопје пред Самитот за Планот за раст

admin

Касами и Меџити на средба со Мицкоски пред студентскиот протест

admin

„Островот на развратот“ стана инкубатор на шпекулации

admin

Демократи или републиканци: Каква американска политика може да очекува Северна Македонија после изборите во САД?

admin