10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Правда: Постапката за екстрадиција на Груевски се води институционално, без политички влијанија

Министерството за правда соопшти дека постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски се води исклучиво институционално и во согласност со законите и меѓународните договори, отфрлајќи политички влијанија во процесот.

Од Министерството велат дека се преземаат сите неопходни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино процесирање согласно законската процедура, во координација со надлежните институции во Унгарија.

„Собирањето информации од надлежните судови има за цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошно постапување. Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив“, наведуваат од Правда.

Реакцијата доаѓа откако Груевски преку социјалните мрежи упати критики до министерот за правда Игор Филков, обвинувајќи го дека наместо него треба да ги истражува, како што наведе, „злоупотребите и незаконските постапки“ од времето на поранешната власт предводена од СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ќе ги почитува сите правни процедури и дека законите ќе важат за сите.

„Нема двојни стандарди. Секој што се соочува со правосудните органи има права согласно законите и Уставот“, рече Мицкоски, додавајќи дека по формирањето на новата влада во Унгарија се очекуваат и директни контакти.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак, повика институциите да постапат како „секоја сериозна држава“ и да ја спроведат екстрадицијата.

Прашањето за екстрадицијата повторно се актуализира откако новиот унгарски премиер Петар Маѓар најави дека земјата нема да биде засолниште за криминалци, при што го спомена и случајот со Груевски.

Related posts

Путин тргна по Пригожин, го уништува во секој поглед

admin

Трамп му се закани на Техеран: Следниот американски удар ќе биде „многу потежок“

admin

Американските B-1 и B-52 заминаа од британската база користена за удари врз Иран

admin

С. Македонија со двојно повеќе случаи на рак поради загадениот воздух

admin

Венс до ВИ компаниите: Ако создавате „Франкенштајн“, запрете

admin

Филипче од Струмица: ВМРО ја турка Македонија кон пропаст

admin