28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Николовски на распит за 800.000 евра, тврди дека случајот е монтиран

Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски бил повикан на информативен разговор во полиција по наредба на Обвинителството, во врска со сомнежи за злоупотреба на службена положба при распределба на повеќе од 800.000 евра за микро-производители на вино.

Министерството за внатрешни работи потврди дека Николовски бил повикан во СВР Скопје, во Единицата за економски криминал и корупција, на 7 мај.

Според МВР, постапувањето следува по пријава до Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службена положба и овластување, поврзана со јавен повик од 2023 година за финансиска поддршка на микро земјоделски производители на вино.

Во пријавата, според информациите што ги објавија медиумите, се наведува дека без законски основ биле распределени над 50 милиони денари, односно повеќе од 820.000 евра, од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Покрај Николовски, на распит биле повикани и две лица кои во тој период биле членови на комисии за распределба на средствата, а сега повеќе не работат во Министерството.

МВР соопшти дека е испратено барање до Министерството за земјоделство за прибирање дополнителна документација, која по комплетирањето треба да биде доставена до Обвинителството.

Николовски ги отфрли наводите и оцени дека случајот е политички мотивиран.

„Се работи за монтиран случај, кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања“, изјави Николовски.

Тој тврди дека не станува збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци, туку за напад врз, како што вели, една од најуспешните реформи во земјоделството.

„За првпат со закон се овозможи регистрација на мали винарии и оператори, а врз основа на закон, програми и јасни услови се креираа мерки за нивно опремување“, рече Николовски.

Според него, резултатите од програмата се над 300 нови винарии, повеќе од 4.000 мали оператори со храна за продажба од куќен праг, над 1.000 нови етикети македонско вино и зголемен извоз.

„Криминалот не се покрива со монтирани случаи. Неспособноста не се крие со напади врз туѓите успеси“, порача Николовски.

Обвинителството засега не објави детали за предметот.

Случајот доаѓа во период кога земјоделскиот сектор е оптоварен со повеќе истраги и реакции поврзани со ИПАРД, Платежната агенција и други институции во ресорот.

Related posts

Вон дер Лајен и Коста ги претставуваат приоритетите на ЕУ на Самитот на Г7 во Канада

admin

Во само една акција Сингапур конфискува имот вреден над 2 милијарди долари

admin

Муцунски: Пауза само за иселеничките визи за САД, другите категории не се засегнати

admin

СДСМ го поддржува протестот на ССМ

admin

Курти и Вучиќ, сепак, потврдуваат учеството на средбата во Брисел

admin

ТРАЈАН АНГЕЛОСВКИ: Да се намали администрацијата, а не да се покачат даноците

admin