29.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАХРОНИКА

Трагедија кај Скопје: Загина познатиот баритон Ристе Велков и неговиот син

Познатиот македонски баритон Ристе Велков, неговиот 20-годишен син и уште две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на скопската обиколница, на делницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.

Според Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 21 мај во 23:00 часот во СВР Скопје.

Седумдесет и шестгодишниот Б.Б. од Косово, управувајќи товарно возило „MAN“ со полуприколка со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола врз камионот, ја пробил металната заштитна ограда и преминал на спротивната страна од автопатот.

Камионот потоа се судрил со автомобил „BMW“ со скопски регистарски таблички, управуван од Р.В., на возраст од 51 година, од Скопје.

Од силниот удар избувнал пожар во двете возила. Автомобилот и кабината на камионот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

На местото на несреќата починале возачот Р.В., неговите сопатници А.В., на возраст од 20 години, и П.М., исто така на возраст од 20 години, сите од Скопје, како и уште едно лице чиј идентитет сè уште не е утврден.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телата на загинатите се предадени на обдукција.

Возачот на камионот, Б.Б., по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Од МВР соопштија дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Меѓу загинатите е и Ристе Велков, баритон и солист на Националната опера и балет, еден од најпознатите оперски уметници во земјата.

Велков, роден во 1975 година во Скопје, важеше за истакнато име на македонската оперска сцена. Колегите и публиката го препознаваа како „италијански баритон со кадифена боја на гласот“.

Во текот на кариерата реализирал 26 оперски улоги и настапувал во повеќе од 15 главни улоги во познати светски опери, меѓу кои „Набуко“, „Риголето“, „Макбет“ и „Травијата“.

Неговата смрт ја потресе културната јавност, колегите од оперската сцена и публиката, кои го сметаа за еден од најпрепознатливите гласови на македонската опера.

Related posts

Станот станува луксуз во Европа: ЕУ мобилизира 43 милијарди евра, но потребни се 150 милијарди годишно

admin

МОН ја прифаќа иницијативата од проектот „Застапување за инклузивен развој“: Воведува регистар на стипендисти

admin

Брисел притиска Белград и Приштина да ги спроведат договорите

admin

Врховизам и диктатура: Tешки зборови од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ

admin

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет

admin

Експерти алармираат: Владата слепа пред онлајн-тероризмот

admin