20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ВЛЕН го нападна внукот на Али Ахмети: Против кого протестира Бујар Ахмети?

Коалицијата ВЛЕН обвини дека Бујар Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, учествувал во системот кој со години го одржувал правосудниот испит само на македонски јазик, а сега протестирал против истиот тој систем.

Од ВЛЕН соопштија дека „политичката иронија го достигнала врвот“, посочувајќи дека Бујар Ахмети бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, кој се одржува исклучиво на македонски јазик.

„Затоа се поставува прашањето: против кого протестира Бујар Ахмети? Против самиот себе како дел од системот што со години ја одржуваше оваа неправда? Или против својот вујко Али Ахмети, кој повеќе од 22 години беше на власт и именуваше министри за правда што не презедоа ниту еден чекор за решавање на овој проблем“, наведуваат од ВЛЕН.

Коалицијата ја обвини ДУИ дека со години ги манипулирала Албанците со ветувања за унапредување на правата, додека албанските студенти, според нив, продолжиле да се соочуваат со институционални пречки и дискриминација.

„Студентите Албанци немаат потреба од фотографии и политичка глума. Тие имаат потреба од конкретни решенија, кои ДУИ не ги понуди 22 години“, стои во реакцијата.

Од ВЛЕН порачаа дека времето на политичка манипулација со националните прашања завршило и дека Албанците заслужуваат одговорност, а не, како што наведуваат, „политичка хипокризија“.

Коалицијата најави дека со нивно учество во власта, правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик.

Related posts

Прва група македонски граѓани евакуирани од Израел безбедно пристигна во Скопје

admin

ИРАН ПОТВРДИ: Ајатолахот Хамнеи  е мртов 

admin

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат одговори, најавуваат протест ако не добијат резултати

admin

Грција и Албанија меѓу земјите со покани за „Одборот за мир“ на Трамп за Газа

admin

Села ја трансформира Алијанса за Албанците во Лига на Албанците, усвоена резолуција за бинационална држава

admin

Британија размислува за сопствени нуклеарни ракети

admin