8.8 C
Скопје
26 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Јан Коп: ВМРО-ДПМНЕ ризикува да го одложи членството за 3-4 години, нема да имате подобар договор со Бугарија

Менувањето на Преамбулата на Уставот е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ, уверува холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Во неделното интервју за РСЕ, тој жестоко ги критикува состојбите во судството и борбата против корупцијата. Амбасадорот зборува за политички влијанија во сите сфери од правосудниот систем, за лошите резултати во спроведување на реформите, за злоупотребата на европското знаме и последиците за македонските евроинтеграции, пренесува Инбокс7.

Тој објаснува дека првата фаза на преговорите со Европската Унија е скринингот, додека втората фаза ќе почне во моментот кога “Северна Македонија ќе ја смени Преамбулата во Уставот за да го вклучи бугарското малцинство, заедно со седумте етнички заедници кои се веќе споменати во Уставот.”

“Заклучоците од Советот минатото јули јасно кажуваат дека штом Северна Македонија ги усвои уставните измени, веднаш ќе почне втората фаза, и без каква било друга политичка одлука. Значи, да менувањето на Преамбулата во Уставот го гарантира почетокот на новата фаза. Тоа следува автоматски.”, вели Јан Коп.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ нема проблем со содржината на овој договор. “Па што е тоа што ги натера да бидат надвор од ова, тоа нема врска со Бугарија. Некои луѓе од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе преговараат за подобар договор. Тоа се бесмислици. Нема подобар договор од овој. Овој е апсолутно најдобриот договор што Северна Македонија можеше да го добие. Според мене, ова што се случува е тоа што ВМРО-ДПМНЕ ризикува да биде одложено членството во ЕУ за најмалку за три, четири години и мислам дека тоа не е добар начин на однесување и може да биде разочарувачки, ако тоа се случи. Сега е моментот.”, вели Јан Коп.

Употребата на европското знаменце за законите за коридорите 8 и 10д, според Јан Коп може да носи последици во евроинтеграциите.

ЕУ законодавството е многу јасно. Не може да ги игнорирате правилата за јавни набавки, односно да ги избегнете тендерските постапки во договорот. Има два услови кога е дозволено тоа. Првото е кога се работи за национална безбедност, кога имате тенкови на границата, не мора да чекате најдобар договор за да купите оружје и вториот е кога се работи за национална катастрофа. На пример, ако се случи земјотрес, не губите време за да купите крвна плазма, таа ви е потребна веднаш. Значи ЕУ законодавството е важно, а договорот со Бехтел и Енка не се совпаѓа со тој опис и не е усогласен со ЕУ законодавството. Исто така и целиот начин на кој е спроведен, е прилично нетранспарентен, што е исто така и мислење на ММФ на пример. Па, може ли Северна Македонија да го направи тоа? Па… национална катастрофа може да биде само ако кажете дека состојбата со инфраструктурата е национална катастрофа, но не мислам дека некој го прави тоа. Може ли Северна Македонија да го направи тоа? Да може, но само затоа што не е членка на ЕУ. Може ли следните постапки како оваа да станат проблем кога сакате да сте во Унијата, да, би кажал дека тоа е прашање.

Во врска со ЕУ знамињата јасно е, ЕУ веќе објави став дека употребата на европско знаме тука е погрешна, знаменцата се наменети за законите кои треба да ја доведат земјата поблиску до остварување на а-кито, до Копенхашките критериуми и со години ние и не само ние и други претставници на ЕУ делегацијата предупредувавме на злоупотребата на европското знаме во овој процес. Аргументот кој се користи за злоупотребата на знамето е да се одбегне филибастеринг од опозицијата во Парламентот. И да, се разбира, тоа е дилема. Но, прашањето е дали ќе го употребите европското знаме за прашања кои немаат некоја поврзаност со европското законодавство. А според наше мислење, токму тоа се случува сега со овој договор.”, вели Јан Коп.

Related posts

ФИДЕШ на Орбан ќе ја подготвува ВМРО-ДПМНЕ за победа на парламентарните избори во 2024

admin

Косово: Производите од Северна Македонија ги заменуваат српските

admin

RSE: „Воени“ правила за работниците во кинеска компанија во Србија

admin

Стигна одговор од партијата на Ахмети: Подготвени да подржиме влада без ДУИ

admin

БУЏЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗА И ЗАБРЗУВАЊЕ НА СРЕДЕН РОК

admin

Битка за статус кво или битка за промени

admin