14.8 C
Скопје
12 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Катастрофален пожар во кинеска фабрика: Работници останаа заробени на покривот

Најмалку 28 лица загинаа во пожар што избувна во фабрика за обувки во градот Џинџијанг, во југоисточната кинеска покраина Фуџијан, соопштија државните медиуми.

Пожарот избувнал околу пладне по локално време во фабриката „Хуитенг Футвер“, а снимките објавени од државната агенција Синхуа покажуваат густ црн чад над објектот и работници кои останале заробени на покривот додека траела спасувачката акција.

Според кинеските власти, во фабриката во моментот на избувнувањето на пожарот имало речиси 240 работници. Од нив, 213 биле евакуирани, двајца подоцна починале во болница, а 26 лица кои првично се водеа како исчезнати биле пронајдени мртви.

Повеќе од 500 пожарникари и спасувачи биле ангажирани во гаснењето на пожарот и евакуацијата.

Првичните информации укажуваат дека пожарот можеби започнал на приземјето, каде што биле складирани запаливи материјали.

Кинеските власти привеле повеќе лица поврзани со сопствениците на фабриката, а банкарските сметки на компанијата биле замрзнати додека трае истрагата.

Кинескиот претседател Си Џинпинг оцени дека станува збор за несреќа со „голем број жртви“ и побара одговорните да бидат „строго повикани на одговорност“.

Тој истакна дека земјата мора да извлече „длабоки поуки“ од серијата индустриски несреќи оваа година и нареди спроведување на построги безбедносни мерки.

Џинџијанг е познат како кинеска „престолнина на обувките“ и, според државните медиуми, произведува околу 20 проценти од спортските обувки во светот.

Related posts

МВР ќе користи дронови за надзор на избирачките места на локалните избори

admin

Албанија инсталираше „софистицирана“ мрежа на камери долж границата со Косово

admin

Сарацин во Скопје – продолжува дипломатската офанзива

admin

ЕУ И АЛБАНИЈА ОДРЖАА СОВЕТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА

ninja

Германија – колкав дел од платата ви оди за кирија?

admin

Мицкоски со црвени линии за ЕУ: „Без гаранции нема нови отстапки“

admin