12.8 C
Скопје
10 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

По дијагнозата рак: Голема загриженост за кралот Чарлс Трети

По веста дека заболел од рак, до кралот Чарлс Трети пристигнуваат желби за оздравување од цел свет. Отвореноста со која Бакингамската палата информираше за дијагнозата е новина, се смета за знак на модернизација.

Само пред една недела кралот Чарлс Трети беше отпуштен од болница по интервенцијата поради простата. Во неделата тој се појави во јавноста при посета на црква во северна Англија, весело отпоздравувајќи им на насобраните, заедно со кралицата Камила.

Но, во понеделникот вечерта стигна шокирачката вест, која британските медиуми итно ја пренесоа: Бакингамската палата соопшти дека во текот на операцијата на простата пред десет дена, кај кралот Чарлс Трети  бил дијагностициран рак. Освен дека не станува збор за рак на простата, други поединости не се објавени. Се вели дека кралот започнал вообичаен амбулантен третман и е во добро расположение. Лекарите му советувале на  75-годишниот монарх  за време на третманот да ги откаже сите јавни термини, но кралот Чарлс сака и натаму да ги извршува своите должности – да ги чита владините документи и да ги потпишува, како и да ги одржува редовните неделни средби со премиерот.

Желби за оздравување од цел свет

Веднаш по веста за болеста, од сите страни во светот пристигнаа желби за брзо оздравување, од црковни претставници до спортисти. Американскиот претседател Џо Бајден на маргините на една средба во Лас Вегас изрази загриженост за заболувањето на кралот и се надева дека скоро ќе може да разговара со него.

Иако не е соопштено за каков вид на рак точно станува збор, невообичаено е што Кралската куќа воопшто ја обзнани дијагнозата. Тоа дефинитивно е новина, истакнува историчарката Сара Гриствуд за Би-Би-Си: „Тоа е знак дека Чарлс сака да ја модернизира монархијата со намера да ја приспособи на модерните предивизи. Досега, слабоста на  еден монарх секогаш остануваше скриена зад ѕидовите на Палатата.“

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила
Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила по неговото излегување од болницаФотографија: Joe Giddens/empics/picture alliance

Чарлс сака да избегне шпекулации

Мајката на Чарлс, кралицата Елизабета Втора, постапуваше мнгу подискретно со информации околу нејзините болести. Во тој контекст постојано се водеа дискусии до кој степен јавноста има право да биде информирана за здравствената состојба на државниот поглавар. Палатата истакнува дека токму Чарлс бил заговорник на отворен начин на комуникација. На тој начин тој сакал да избегне шпекулации, во надеж дека така ќе разбуди поголемо разбирање за сите оние кои и самите се заболени од рак.

Камила и Вилијам продолжуваат да ја извршуваат работата

Откако Чарлс сега ќе мора да отсуствува неодредено време, другите членови на кралското семејство ќе мора да го заменат. Во изминатата година кралот Чарлс Трети имаше повеќе од 500 термини. Кралицата Камила ќе ја задржи нејзината планирана програма, исто како и престолонаследникот Вилијам, кој во изминатите недели се грижеше околу својата исто така заболена сопруга Кејт. Палатата соопшти дека од среда тој ќе ги извршува своите планирани задачи. Паралелно со интервенцијата кај кралот поради простата, кај принцезата Кејт била извршена операција на абдоменот, поради што остана во болница две недели. Таа ќе може да ги преземе своите термини во јавноста дури по Велигден.

Чарлс лично ги информирал своите синови

Бидејќи Чарлс и натаму сака да ги врши важните потписи како државен поглавар, засега нема потреба од негова замена на таа должност, објасни уставниот судија Крег Прескот за Би-Би-Си: „Доколу Чарлс мора да добие замена, тогаш ќе бидат именувани две личности кои ќе ги ставаат потписите во негово име.“ Најверојатно е дека во ваков евентуален случај, оваа задача би ја презеле првично кралицата Камила и принцот Вилијам.

Од Палатата истакнуваат дека кралот Чарлс за своето заболување од рак лично ги информирал своите двајца синови и своите најблиски.

Принцот Хари ќе допатува во Лондон

Принцот Хари, кој одамна е  закаран со својата фамилија  и живее во Калифорнија, во меѓувреме потврдил дека ќе отпатува во Лондон кај својот татко. Во целата трагика, барем тоа е еден вид светлина на хоризонтот, смета историчарката Сара Гриствуд: „Можеби требаше да се случи ваков драматичен развој, за сега евентуално да се овозможи вистинско помирување“. /DW

Related posts

ЗОШТО МНОЗИНСТВОТО Е ПРОТИВ ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ?

ninja

Зара ја повлече контроверзната реклама

admin

СРБИТЕ ВО СЕВЕРНО КОСОВО ГИ НАПУШТААТ БАРИКАДИТЕ

ninja

Кои се најбогатите, а кои најсиромашните градоначалници во Македонија?

admin

Османи се сретна со Агелер: Над четири милиони долари за борба против корупцијата

admin

По изборите, нова можност за Скопје и Софија

admin