19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче му честиташе на Радев, ВМРО-ДПМНЕ го обвини за „додворување“ кон Бугарија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до новоизбраниот бугарски премиер Румен Радев, изразувајќи надеж за конструктивен и разумен пристап во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Во својата порака, Филипче нагласи дека добрососедските односи треба да се градат во интерес на граѓаните на двете држави, со почитување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура.

Тој посочи дека Северна Македонија останува цврсто определена кон европската иднина и дека евроинтеграциите се единствениот пат напред.

Филипче воедно упати критики кон политичките противници, наведувајќи дека постои политичка структура која, според него, свесно го кочи европскиот процес и создава тензии со соседите поради политички интереси.

„Решението е во конструктивен дијалог, почитување на европските принципи и заштита на националниот идентитет“, порача Филипче, додавајќи дека е потребна заедничка работа за подобра иднина и повисок животен стандард.

По неговата објава, ВМРО-ДПМНЕ реагираше со остро соопштение во кое го обвини лидерот на СДСМ дека се „додворува“ на новиот бугарски премиер.

Од партијата прашаа дали Филипче „одговара пред Радев или пред Зоран Заев“, оценувајќи дека неговите пораки се спротивни на македонските национални интереси.

„Во ситуација кога Македонија е блокирана од Бугарија со билатерални барања, Филипче побрза да му честита на Радев и да застане на негова страна“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија посочија дека Радев и претходно имал ставови за македонскиот идентитет, јазик и историја, поради што, според нив, не може да се очекува промена на бугарската политика кон Северна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и Филипче се подготвени за нови отстапки кон Бугарија и дека продолжуваат по политиките на поранешниот премиер Зоран Заев.

„Наместо да застанат во одбрана на државните интереси, тие повторно испраќаат порака дека се подготвени за нови отстапки“, наведуваат од партијата.

Related posts

Муцунски: Билатералните спорови ја кочат европската интеграција на Северна Македонија

admin

Министерот за јавна администрација на Црна Гора во посета на RCC: Фокус на дигиталните реформи и Берлинскиот процес

admin

ИЛУЗИЈА Е ДЕКА ЕУ ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КОРУПЦИЈА И ПАРТИЗАЦИЈА, ВЕЛИ НИКОЛА ДИМИТРОВ

ninja

ДЕНОВИ НА ОДЛУКА ЗА АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА

ninja

Зошто Трамп молчи за пресвртот на Бајден со ракетите

admin

Рама за ФТ: НАТО треба повторно да воспостави контрола врз северно Косово

admin