10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Фрчковски за Топ Чанел: Постојат обиди да се намалат правата на Албанците

Љубомир Фрчковски вели дека правата на Албанците, европската ориентација и политичките одлуки остануваат клучни за стабилноста.

Во интервју за албанската телевизија Топ Чанел, Фрчковски беше опишан како влијателна, но и контроверзна фигура на политичката и академската сцена, со улога во клучните процеси на државното градење.

„Тоа беше шанса што доаѓа еднаш во живот – да се создава устав за нова држава“, изјави Фрчковски, осврнувајќи се на почетоците од 1990-тите, додавајќи дека неговата работа била насочена кон демократија, човекови права и права на малцинствата.

Фрчковски рече дека студентите Албанци треба да имаат право да полагаат правосудни испити на својот јазик.

„Ако студирале на албански, логично е и завршниот испит да го полагаат на албански. Во спротивно, тоа би било дискриминација“, изјави тој.

Осврнувајќи се на актуелните политики, тој оцени дека меѓуетничките односи не зависат само од владата, но предупреди дека одредени одлуки можат да создадат тензии.

„Постојат обиди да се намалат правата што претходно беа проширени“, рече Фрчковски, додавајќи дека и покрај тоа, односите меѓу Македонците и Албанците генерално остануваат стабилни.

Фрчковски изјави дека земјата останува ориентирана кон Европската унија, и покрај застојот во интегративниот процес.

„Трпиме што сме надвор од Европската унија, но нашата ориентација е јасна“, рече тој.

Тој предупреди и на влијанија од регионални политички мрежи врз медиумите и политичките процеси.

Во однос на промената на името, Фрчковски ги отфрли тврдењата за наводни финансиски понуди.

„Такви приказни сум слушал, но не мислам дека се сериозни“, изјави тој, додавајќи дека договорот со Грција донел политички придобивки и ја отворил евроатлантската перспектива.

Тој даде позитивна оценка за албанскиот премиер Еди Рама, додека за косовскиот премиер Албин Курти рече дека води политика што понекогаш создава тензии со меѓународните партнери.

 

Related posts

ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ – КОЈ ДОБИВА, А КОЈ ГУБИ?

ninja

„Македонски јазик и култура“ ја разбрануваа Атина: Самарас удри по Мицотакис

admin

Големи очекувања на македонската влада од Tрамп

admin

Молитва и 63 бели столчиња во спомен на загинатите

admin

ЌЕ СТАВИ ЛИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА КРАЈ НА КИРИЛИЦАТА ВО ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА?

ninja

НАТО под притисок во Анкара: Трамп, Зеленски и стравот од празни американски арсенали

admin