14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
СПОРТ

Шкендија под дисциплински удар: ФФМ обвинува за национализам и навреди

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека се поведени шест дисциплински постапки против ФК Шкендија и една против ФК Силекс по финалниот натпревар од Купот на Македонија.

Против Шкендија се отворени постапки поради непочитување на националната химна, исвиркување и нестанување за време на нејзиното интонирање од страна на навивачите.

ФФМ отвори постапка и поради употреба на пиротехнички средства во текот на целиот натпревар, националистички скандирања, истакнување знамиња со навредлива и недозволена содржина, како и знаме со нацистичка симболика.

Дополнително, постапка е поведена и поради навредливи скандирања кон ФФМ, како и поради одбивањето на фудбалерите и официјалните лица на клубот да ги примат медалите по завршувањето на натпреварот.

Против Силекс е поведена една дисциплинска постапка поради националистички извици и употреба на пиротехнички средства.

Во реакцијата, ФФМ изрази „сериозна загриженост и разочараност“ од однесувањето на дел од актерите на натпреварот, особено од, како што наведуваат, раководните луѓе на Шкендија и дел од фудбалерите.

„Недозволиво е раководни структури и поединци, наместо да придонесуваат за смирување на тензиите, да создаваат атмосфера на поделби, провокации и континуирано барање алиби за сопствените неуспеси“, соопштија од ФФМ.

Од федерацијата оценуваат дека со одбивањето да се учествува во церемонијата за доделување медали било покажано непочитување и кон противничката екипа, како и омаловажување на спортскиот успех.

ФФМ соопшти дека останува „цврсто определена“ да ги санкционира сите облици на недолично однесување, без разлика на клубот или функцијата на инволвираните лица.

Related posts

Хаос во Париз по титулата на ПСЖ: 780 уапсени и над 200 повредени

admin

Сака ја “потопи” С.Македонија

admin

Кансело може да биде освојувач на ЛШ и со елиминација на Баерн

ninja

Пандев и Стоичков повторно на терен, за Кочани

admin

ВИДЕО Повредениот бугарски државјанин е во стабилна состојба, приведени 21 лица

admin

УЕФА му се закани на ФИФА: Европа ќе го бојкотира Светското првенство

admin