28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Шок во скопска населба: диво животно чувано како домашен миленик

Волк кој, според првичните информации, незаконски бил чуван како домашно милениче бил заловен вечерва во една скопска населба, по што за случајот биле известени надлежните институции.

Според објавените информации од страна на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, , животното било врзано со ремче и ланец, а случајот предизвика реакции во јавноста поради безбедносниот ризик и третманот на дивото животно.

„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани“, се наведува во реакцијата на градоначалникот објавена на социјалните мрежи.

Во објавата се оценува дека случајот претставува „сериозна опасност за целата околина“, а не само чин на неодговорност.

Волкот во моментов е згрижен од службите на Скопската зоолошка градина, додека од институциите се очекува да ги утврдат околностите под кои животното било чувано и дали се прекршени законите за заштита и чување диви животни.

„Во Скопје мора да има ред“, се наведува во реакцијата на Ѓеорѓевски, во која се бара изградба на „похумано, побезбедно и одговорно општество во кое законите важат за сите“.

Засега нема официјални информации дали против одговорните лица ќе биде поведена постапка.

 

Related posts

5 работи што треба да ги знаете за резултатите од изборите во ЕУ

admin

Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО

admin

Османи: Се што бараше ВМРО-ДПМНЕ го исполнивме, ова е време кога се одредува иднината на државата

admin

Пријава за злоупотреба против Спасовски, тој зборува за политички прогон

admin

Судот го одби предлогот за укинување на притворот на обвинетите во случајот „Онкологија 2“

admin

Русија губи влијание, а Европа се враќа на Кавказот

admin