-0.2 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ВЛЕН: ДУИ брани неуспешен милионски проект, бараме одговорност

Коалицијата ВЛЕН упати нови обвинувања кон ДУИ, тврдејќи дека партијата брани, како што велат, „неуспешен и штетен“ енергетски проект кој со години не дал резултати, а чинел милиони евра.

Во соопштението, ВЛЕН поставува прашања кој во ДУИ има интерес да ја брани компанијата ангажирана во проектот, наведувајќи дека таа „со години не изградила ништо“. Тие посочуваат дека проектот имал реализација од околу 4% во период од четири години.

Коалицијата наведува дека во 2023 година, управниот одбор на МЕПСО, вклучително и кадри поврзани со ДУИ, донел одлука за иницирање постапка за раскинување на договорот со изведувачот, поради неисполнување на обврските и недостиг на напредок.

„Сите тогаш беа за раскинување на договорот. Денес истите тие го бранат. Зошто?“, се наведува во реакцијата на ВЛЕН.

Од коалицијата тврдат дека договорот бил нефункционален, со истечен рок и без активности на терен, додека паралелно се барале дополнителни средства преку анекси.

„Ова не е реализација – ова е систем за извлекување пари“, наведуваат од ВЛЕН, додавајќи дека државата плаќала камати со години додека проектот стагнирал.

ВЛЕН обвинува дека ДУИ не ги брани интересите на граѓаните, туку, како што велат, „систем во кој проектите не се реализирале, туку се користеле за финансиски користи“.

Во исто време, коалицијата најавува дека работи на реализација на нови енергетски проекти, вклучително и, како што наведуваат, првата електроенергетска врска со Албанија.

 

Related posts

Македонската економија забавува, Западен Балкан забрзува – што открива новиот извештај на Светска банка?

admin

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ја прифаќаме понудата – да одиме на предвремени избори

admin

Мицкоски го нападна Абази: „Случајот не е завршен, може повторно да се отвори“

admin

Путин ја обновува врската со Моди – Индија маневрира меѓу САД, Русија и Кина

admin

Берлин со потешки обвинувања од Париз: Кој стои зад насилството што ја потресе Франција?

admin

Ќе се укине ли ветото во ЕУ?

admin