36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ обвинува: Стоилковиќ ги отстранува натписите на албански јазик

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро ги осуди постапките на министерот Иван Стоилковиќ, обвинувајќи го дека наредил отстранување на натписите и идентификациските ознаки на албански јазик од Агенцијата за примена на јазиците.

Од партијата оценуваат дека станува збор за „отворен институционален напад врз албанскиот јазик“.

„Додека Стоилковиќ секојдневно дејствува против присуството на албанскиот јазик во институциите, ВЛЕН продолжува да молчи. Овој молк веќе не е политичка неспособност, туку соодговорност и целосно потчинување пред антиалбанските политики што се спроведуваат во Владата“, наведуваат од ДУИ.

Партијата тврди дека по притисоците врз албанската администрација и обидите за дислокација на Агенцијата за примена на јазиците, сега следувале и конкретни чекори за „бришење на албанскиот институционален идентитет“.

Според ДУИ, отстранувањето на таблите и натписите на албански јазик било оправдувано со „реновирање“, што партијата го нарекува „апсурдно образложение“.

„Уште од првите денови на формирањето на оваа влада постоеше јасен план за иселување на Агенцијата од објектот каде што функционира. Денес станува јасно дека станува збор за координиран политички проект за слабеење и маргинализирање на примената на албанскиот јазик“, велат од ДУИ.

Партијата дополнително ја критикува коалицијата ВЛЕН, посочувајќи дека институциите што треба да го штитат албанскиот јазик ги водат нивни кадри, но без никаква реакција кон Стоилковиќ.

„Ниту реакција, ниту спротивставување, ниту институционално достоинство“, наведуваат од ДУИ.

Оттаму јавно прашуваат до кога ВЛЕН ќе молчи додека се отстрануваат албанските натписи од државните институции и дали се дел од Владата „за да ги штитат Албанците или само за да ги зачуваат своите фотелји“.

ДУИ потсетува дека за време на нивното владеење, според нив, албанскиот јазик бил унапреден преку конкретни одлуки, функционални институции и гарантирано институционално достоинство.

„Албанскиот јазик не е декор што може да се отстрани по наредба на Стоилковиќ и со молкот на ВЛЕН. Тој е уставна категорија, стекнато право и црвена линија што Албанците нема да дозволат да биде допрена“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Related posts

ЕУ и САД пред нов трговски судир по заканата на Трамп за автомобилски царини

admin

Јавното претпријатие за патишта пред колапс: 12 години со блокирана сметка

admin

ЗНМ се солидаризира со Николовски и повикува на дијалог со МПЦ ОА

admin

Пробиена блокадата: Иран извезе речиси 5 милиони барели нафта пред историскиот договор со САД

admin

Германија ги стопира проектите во Република Српска

admin

Самитот на НАТО во Хаг: Банкет, нови воени цели и спор со Шпанија

admin